Идеален избор: Во овој модел чизми нозете ќе ви изгледаат повити и подолги!

Корисни совети

Со овие трикови ќе изгледате како да сте поминале со часови во вежбање

Витите нозе се сон на многу жени. Наместо да се исцрпувате со тренинзи, паметно одбирајте и визуелно ќе добиете и послаб изглед.

Постојат неколку трикови при изборот на чизми што можат да направат нозете да ви изгледаат послаби. Бојата, вистината на потпетиците, па дури и материјалот играат улога во тоа.

Ви откриваме неколку трикови што ќе ви помогнат да постигнете феноменален ефект.

Боја

Светлите и впечатливи модели ќе го одвлечат вниманието од проблематичните делови. Доколку се одлучите за црна боја, добро би било да ги носите во комбинација со фармерки во иста нијанса. Така нозете ќе ви изгледаат повити и подолги.

Материјал

Доколку ви се допаѓаат модели над колена, одбирајте ги оние од мат материјал или превртена кожа. Лакираните и сјајни материјали ќе имаат контра ефект.

Висина на петата

Колку е повисока потпетицата толку потенки ќе изгледаат нозете. Меѓутоа не треба ни да претерувате. Висината од 5 сантиметри доволно ќе ја издолжи ногата и ќе ја направи визуелно повита, а и понатаму ќе се чувствувате удобно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.