Џенифер Лопез направила сериозен моден прекршок: Овој модел на фустан дури ни нејзе не и’ стои добро!

Моден дебакл

Доколку сакате сите да ги воодушевите, никако не се водете по нејзиниот пример

На 11-тото доделување на наградите организирано од страна на Академијата за филмска уметност и наука, Џенифер Лопез се појавила во тоалета што им оставила впечаток на сите присутни, но негативен.

Навикнати сме да освојува на црвениот тепих, но овој пат ситуацијата е поинаква. За ова појавување одбрала фустан што повеќе личел на предимензионирано здолниште.

https://www.instagram.com/p/B4KI6Q4gM2p/

Кројот ги сокрил сите нејзини облини по кои е позната, а многумина коментирала дека изгледа како да облекла вреќа. Фустанот е премногу тесен околу градите, па нејзината фигура изгледала уште почудно. Грбот и’ бил во прв план, што направило да изгледа мажествено.

https://www.instagram.com/p/B4KHaB7AXTF/

Единственото нешто за коешто се согласиле модните критичари е тоа дека бојата на фустанот е полн погодок. Освен тоа, добила пофалби за интересната фризура. Генералниот впечаток е дека таа може многу подобро.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.