Хали Бери изгледа како милион долари: „Вежбам по 6 часа дневно, на тоа се должи оваа вајана фигура“

Ги засени останатите

Хали Бери неодамна се појави во популарното американско шоу „Во живо со Џими Кимел“, и тоа во шик и многу секси комбинација!

Познатата 55-годишна холивудска актерка изгледаше феноменално во необичен комплет, црно плишано здолниште со реси и црно кимоно со цветен принт во златна боја.

Дополнително го истакна ова издание со кожен ремен околу половината, а доза на сексапил во аутфитот донесоа и едноставните сандали со прерамки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Изгледот на атрактивната актерка малкумина остави рамнодушни – оваа дама покажа совршено извајани нозе, но фактот што не носеше ништо под кимоното ја скокотка фантазијата на машката публика.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Инаку, оваа убавица моментално работи на промоцијата на својот нов филм „Bruised“ за жена која се занимава со ММА борби, а Хали еднаш призна дека поради оваа улога тренирала од 4 до 6 часа дневно!

Она што навистина ја направи разликата е тоа што наместо да правиме само стомачни вежби, на сè додадовме тегови. Како резултат на тоа, моите стомачни мускули навистина почнаа да изгледат совршено, прокоментира актерката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.