Госпоѓата Клуни прави чуда во Италија, а со славната двојка е и сестрата на славниот актер, која доживеа страшни навреди (ФОТО)

Трендсетерките се во паника поради Амал!

Како да останете во чекор со Амал Клуни кога станува збор за стилот? Мора да се признае дека на познатите дами не им е лесно, а сопругата на Џорџ Клуни одлучи ова лето да ја покаже сета сила на своите модни вештини.

Џорџ и Амал Клуни традиционално летуваат во Италија на езерото Комо, каде што адвокатката за човекови права продолжува да воодушевува со своите модни изданија.

Земајќи ги предвид нејизните претходни комбинации од Италија, се наметнува заклучокот дека моден избор ова лето ѝ се мини-фустаните.

Па така, Амал блесна во ретро-модел со пердуви и уште една покажа дека правилото „облеката и чантата да се во иста боја“ е нејзин моден манир.

Sjajna haljina Amal Kluni foto:  Machete / MEGA/ The Mega Agency

Славната двојка на патувањето во Италија ги зеде и своите деца, близнаците Ела и Александар, а во шармот на оваа европска земја ужива и сестрата на актерот Аделија Клуни, која можете да ја видите во многу интересен фустан со животински принт.

Sestra Džordža Klunija Adelija Kluni foto:  Machete / MEGA/The Mega Agency

Не така одамна се пишуваше дека славниот брат не е во добри односи со својата сестра, а коментари за нејзиниот изглед можеа да се слушнат и од оние кои се прашуваа зошто Аделија не се дотерува повеќе. О предрасуди, глупавоста ви е второ име!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.