Џил Бајден ја извршила својата прва самостојна службена должност: Првата дама на Америка во бел фустан!

Одличен стајлинг

Новата прва дама на Америка привлекла внимание за време на првата службена должност

Џил Бајден (69) ја извршила својата прва самостојна должност како прва дама на Америка, а дестинацијата била болницата Витман Волкер Хелт во Вашингтон.

Сопругата на новиот претседател на Америка, Џо Бајден (78), ја посетила оваа здравствена установа, каде што разговарала со медицинските работници, а помеѓу другото се дискутирало и за важноста на психолошката помош на пациентите заболени од рак.

За оваа деловна пригода, Џил Бајден одбрала едноставен бел фустан со ракави со должина до лакотот и нежни набори во долниот дел.

Со фустанот искомбинирала чизми на потпетица од брусена кожа.

Стајлингот го надополнила со долг ѓердан од бисери и тенко златно синџирче со приврзок „мама“, како и со задолжителната заштитна маска.

Белиот фустан е по малку ризичен избор, бидејќи станува збор за осетлива боја која може премногу да ја нагласи силуетата на телото, но првата дама на Америка внимавала да биде соодветен за нејзината нова позиција.

Може ли Џил Бајден (69) да се рамни со Меланија Трамп (50) во поглед на стилот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.