Дали би се осмелиле да ја издолжите фигурата со овој трик? Северина во модно издание кое нема да ве остави рамнодушни (ФОТО)

Долгонога Севе

Оваа регионална ѕвезда нè освојува на многу начини, а во изминатиот период нејзините модни изданија се речиси беспрекорни.

Северина Вучковиќ веќе нè научи дека нејзиниот стил е еден од најдобрите на регионалната јавна сцена, па многу често ни дава идеја како да предизвикаме воздишки со нашата гардероба каде и да се појавиме.

Овој пат, таа покажа како се комбинираат ризичните парчиња облека, кои ги изнесе на начин што никогаш нема да го заборавите.

Северина позираше во специфични хеланки кои имаат патент в по должината на нозете. Благодарение на него, се постигнува ефект на издолжување на нозете, но и оригиналност, со оглед на тоа што ретко кој би се одлучил за нив.

Модерните хеланки ги усогласи со посветла нијанса на елек во бордо боја, кој го закопча само во средината. Светлоцрвените салонки се тука за да го комплетираат модното издание и да ги прекршат сите правила, а Северина уште еднаш покажа дека оригиналноста е најважна во сè.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.