Во јунската „Убавина и здравје“ ќе читате: Чекајќи го летото

„Ако не се задржи долго, ќе чекаме засекогаш!“, нешто во овој стил му кажала Гвендолен на Џек во драмата на Оскар Вајлд, „Важноста да се биде Ернест“.

Го немам прочитано ова епохално дело на Вајлд, но ја знам содржината и темата што ја исмева авторот, а токму апсурдноста на овој цитат ми е толку симпатично-комична што секогаш ми паѓа на ум кога ќе се спомне чекање.

Трпението е клучно за да постои чекањето воопшто, но немаме секогаш избор да чекаме или да не чекаме. Во случајов, што е втората опција, ако летото доцни…? Нема друго, ќе мора да се чека, макар и засекогаш. Евентуално, може да се откажеме од чекање и да прифатиме дека ова лето нема да дојде, а тоа е така сурово воопшто и да се замисли. Па затоа ќе чекаме.

Знаеме дека најдобрите работи и се случуваат кога ги исчекуваш и исчекуваш. Па нека биде така, како во песната на Лозано, „Ова лето ќе се памти“. Можеби додека нашата „Убавина“ да се најде на продажните места, ќе имаме убави сончеви денови кои ќе го најават календарското пристигнување на највеселата годишна доба. А ако и не е така, полека, ќе биде. Мора да дојде.

Ако веќе чекаме, не треба да дремеме, можеме ова време да го искористиме за подготовки за летните денови и самите да се потрудиме навистина „да се памети“. На нашите страници секогаш ќе пронајдете интересни предлози и идеи како можете да се подготвувате, што да си набавите или, едноставно, да се инспирирате од многуте ликови и приказни кои ќе ги пресретнете низ страниците. Секој момент е важен и од нас зависи дали ќе уживаме во него или ќе се нервираме.

Добро, признавам, не е баш така… многу нешта не зависат од нас, но тогаш зошто воопшто би се нервирале околу тоа?! Независно од сите нас и нашето чекање, летото ќе дојде и ќе биде СУПЕР! Се гледа дека имам трпение, нели? Да, имам, имам многу трпение, сѐ додека не го загубам –  нешто во стилот на Гвенодлен.

Ве сакаме,

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

Во продолжение, ѕирнете што ќе читате во јунскиот број на највлијателното списание во регионот:

Побрзајте да го купите новиот број на „Убавина и здравје“ и не заборавајте да не’ следите на социјалните мрежи каде што ги објавуваме подароците од нашите пријатели наменети за вас!

На насловната страница: Наташа Петровска

ФОТО: Антонио Станков

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.