Размената на партнери и оргиите се составен дел од нивниот брак: Таа јавно зборува за тоа, а тој ја поддржува

Имала секс и во тројка

Сопругата на Вил Смит јавно го призна неверството што тој ѝ го прости, верувајќи дека нема ништо лошо во тоа

Актерката Џејда Пинкет Смит неодамна го прослави 51. роденден, додека оваа година ѝ ја обележа инцидентот на доделувањето Оскари што го предизвика нејзиниот сопруг Вил Смит.

Хаосот настана откако комичарот Крис Рок се пошегува на нејзина сметка, инсинуирајќи на нејзината ќелавост, која е последица на автоимуната болест со која се бори актерката.

Вил веднаш реагира сакајќи да ја заштити својата сопруга, со која останал и покрај неверствата и скандалите што му ги има приредено.

Џејда и самата признала во една пригода дека го има изневерено својот сопруг, додека пејачот Огаст Алсин рекол дека имал врска со неа, додека дозвола за тоа добил токму од нејзиниот сопруг Вил Смит.

Двојката се венчала во 1997 година и добиле две деца во бракот, син и ќерка. Нивниот брак важеше за еден од најскладните, но фактот што отворено признаа дека повремено си ги разменуваат партнерите со други двојки, како и дека уживаат во оргии, ја шокира јавноста.

Во една пригода Џејда раскажала дека не сакала да се омажи за Вил и дека мајка ѝ ја принудила на тоа.

„Бев под огромен притисок, бев млада актерка, а бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да бидам во брак“, рекла Џејда.

Актерката во емисијата Red Table Talk зборувала за своите сексуални искуства, а она што го открила ја шокирала јавноста.

„Еднаш имав тројка. Бев многу многу млада, во раните 20-ти“, рекла таа.

Џејда раскажала и дека никогаш не ѝ било доста од интимност, па станала зависна од порнографија. Исто така признала дека баба ѝ ја научила како да се самозадоволува уште на 9 години.

Во врска со нивниот отворен однос Вил рекол дека прават сѐ што е природно, вклучувајќи и секс со други луѓе, како и дека сѐ е во ред со нивниот брак сѐ додека имаат согласност од другиот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.