Грешки кои често ги правите пред и после секс!

Обидете се да не ги правите овие работи...

Најчесто знаеме што да правиме, а што да не правиме за време на сексот, работи кои ги сакаат жените, што ги возбудува мажите, но често ја забораваме и другата страна на приказната – работи кои не треба да ги правите пред и после секс…

Чистење после секс

Чистењето веднаш по сексот е нешто што дефинитивно не треба да го правите. Собирањето чорапи и долна облека од подот, менувањето чаршафи го претвора вашиот секс во нешто што „морало да се направи“. Наместо тоа, легнете еден со друг во прегратка барем неколку минути и уживајте во моментот.

Поставување прашања

За прашања како „Што значи ова за нас? и разговор за тоа дали овој секс значел почеток на врска, креветот е најлошото место. Релаксирачките моменти по сексот се најлошото време за комплицирани разговори за вашата иднина, затоа зачувајте ги за друго време и место.

Заминување среде предигра

Да започнете предигра и потоа да одите во тоалет за да извршите хигиенски ритуал пред да заспиете, да ја извадите шминката и да ги измиете забите, а потоа да се вратите во кревет и да очекувате дека тој ќе ве чека напален, звучи прилично нереално.

Не се запоставувајте

Не дозволувајте да изгледате како несредено. Освен личната хигиена, мажите сакаат да веруваат дека девојките се совршени и ако изгледате уредно тие ќе сакаат да поминуваат повеќе време „таму долу“. Депилацијата боли, но вреди, а на крајот на краиштата, бричот секогаш е тука за брзи решенија.

Правење драма

Може да се случи и да не се расположени за секс или грижите да им поминуваат низ глава, па не можат секогаш да бидат во сексуална форма. Во таков случај не правете од мува слон со поставување илјада прашања. Секој има свои проблеми, затоа бидете со разбирање и поддршка за вашето момче.

Очекувањето секој пат да биде како првиот пат

Очекувањето од него да го посипува креветот со рози и да запали миризливи свеќи секогаш кога ќе одите во кревет е исто како тој да сака постојано да играте порно ѕвезда. Значи, нереално. Исто така, не можете да очекувате ниту да спиете цела ноќ држејќи се за раце, потребно е мало гушкање, но после тоа неговата рака преку вас ќе биде доволна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.