Британскиот актер се оженил со Србинка, па ја разгневил мајка му: Денес блескаат во елегантно издание!

Блескаат од среќа

Актерот Кристијан Бејл се појавил на филмска премиера во Лондон со сопругата Сандра во елегантно издание

Славниот актер Кристијан Бејл се појавил на филмска премиера во Лондон во придружба на сопругата Сандра Сиби Блажиќ. Актерот одиграл една од главните улоги во драмскиот филм „Амстердам“, па по тој повод бил на премиерата.

Двојката се појавила во елегантно издание. Актерот носел црн костим, додека Сандра се одлучила за долг, тесен, црн фустан што се истакнувал со проѕирните црни ракави.

Нивната љубовна приказна е многу интересна, а Кристијан покажал дека сопругата му е најважна. Сандра еден период ѝ била асистентка на актерката Винона Рајдер, која била заслужна за нивното познанство.

Имено, тие се сретнале кај Винона на неформално дружење, кое било организирано во дворот на актерката. Според нивните зборови, тие веднаш се вљубиле еден во друг.

„Тоа беше љубов на прв поглед. Долго ја криевме нашата врска, а на венчавката во Лас Вегас сакавме да имаме двојник на Елвис. За жал, не успеавме да најдеме ниту еден“, рекол актерот во една пригода за нивната венчавка.

Нивниот брак важи за еден од најстабилните. Актерот често истакнува дека зад неговата успешна кариера стои токму сопругата Сандра, која му дава неизмерна поддршка.

„Знаете, улогата се создава долго пред почетокот на снимањето. Затоа, мојата жена често беше омажена за ’друг маж’. Во нашиот брак бев 20-тина различни мажи и морам да признаам дека не е лесно да се поднесе тоа. Затоа, својот успех ѝ го должам на мојата жена Сиби“, рекол Бејл.

 

Бракот го крунисале со деца, ќерка и син. Додека тие уживаат во својот брак, се шушкало дека мајка му и сестра му не ја поддржуваат нивната врска.

Во една пригода наводно дошло до голема пресметка меѓу нив, кога неговата мајка ја навредувала Сандра. Актерот се обидувал да го спречи тоа, па ја нападнал мајка му, по што завршил во полициска станица.

Потоа излегло дека не дошло до физичка пресметка и дека актерот само имал бурна реакција. Наводно, дошло до караница поради одлуката на актерот да премине во православна вера.

Брачната двојка негува традиционални православни обичаи, а во духот на таа култура ги воспитуваат и своите деца. Актерот има желба неговите деца да учат српски, па во нивниот дом често може да се слушне овој јазик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.