Подигнете го нивото на возбуда во сексот со овој пригоден додаток

Сесилија Вилеро, сексуална едукаторка, истакнува дека исчекувањето е како друго чувство – кога некој ќе ги покрие твоите очи, не знаеш што ќе се случи, а токму оваа возбуда може да го направи сексот многу подобар.

Ако сакате малку игра и експериментирање, земете превез за очи (можете да ставите и маска за спиење) и ставете го на очите (или вашите) на партнерот. Бидете сигурни да разговарате за некои ограничувања претходно, можете дури да се одлучите на збор што ќе биде јасен знак за запирање на сексуална активност што не ви одговара.

Еве совети како да ја зачините играта со превез за очи

Храна – Храната ќе отвори други емоции, и ќе се забавувате во оваа игра на погодување и истражување на различни вкусови. Ова ќе биде одлична игра ако вклучите нешто ладно – на пример, коцка мраз или ладен шлаг. Но, не им се допаѓа истото на сите, затоа бидете сигурни дека вашиот партнер е подготвен да експериментира.
Исто така, можете да пробате масажа што ќе ѝ даде целосно ново искуство на целата игра со врзани очи.

Ново опкружување – врзете ги очите на вашиот партнер во друга просторија што не е вашата спална соба, туку место што тој воопшто не го очекува. Новата средина ќе создаде сосема поинакво чувство на возбуда и за вас и за вашиот партнер.

Мастурбација – затворете ги очите и мастурбирајте заедно (или сами). Ова ќе ви помогне целосно да се ослободите и да го истражите вашето тело без да чувствувате вина, а исто така ќе ви помогне да уживате во моментот.

Свеќи во собата и миризливи масла – дополнително ќе го подобрат искуството додека имате врзани очи и ќе создадете убаво расположение и атмосфера.

Прочитајте и: Зачинете ја вашата врска на далечина со овие совети!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.