Само нејзе може толку добро да ѝ стои мини-здолниште на 46 години: Ова е рецептот за совршен изглед на Викторија Силвстет

Во топ-форма

Изгледа сè подобро како што минуваат годините

Некогашната плејбој-зајачица Викторија Силвстет, која денес има 46 години, била фотографирана на улиците во Лос Анџелес и уште еднаш ја покажала неверојатна фигура. Многумина се согласија дека само нејзе може олку добро да ѝ стои мини-здолниште.

Иако веќе е влезена во петтата деценија од животот, многу помлади девојки ѝ завидуваат поради стилот и изгледот.

Викторија прошетала во тексас-здолниште, класична бела маица и крем сако. И овој пат целиот стајлинг го заокружила со вртоглаво високи потпетици.

Таа важи за една од најзгодните жени, а ако се прашувате како ѝ успева да биде во топ-форма, ние го имаме одговорот.

Таа не крие дека неколку пати правела пластични операции, како и дека редовно оди на разни третмани за да го сочува младешкиот изглед. Меѓутоа, што се однесува до фигурата, таа нагласува дека самата е заслужна за резултатите.

„Внимавам што и колку јадам. Нема тука никаква наука. Ако јадете помалку, ќе изгледате одлично, а ако не внимавате на исхраната, немојте да се чудите што имате вишок килограми.“

Освен што внимава на исхраната, редовно оди во вежбалница.

Сузан Лучи има 74 години и тело од соништата: Тврди дека за нејзината вита фигура заслужна е само една навика!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.