Вљубување, прељуба, секс на првиот состанок… Што мажите НАВИСТИНА мислат за сето ова?!

Во надеж дека еднаш засекогаш ќе пронајдеме одговори на некои жешки прашања, кои отсекогаш нè копкале, нашата новинарка Тамара Богунова побара искрено мислење од четворица другари. Еве што откри…

ПРАШАЊЕ 1

Дали се плашат од вљубување или тоа е мит?

Неколку пати имам слушнато од другарите дека се плашат од вљубување. Искрено, сè уште ми е тешко да поверувам во тоа. Зар вљубувањето не би требало да биде нешто убаво, кое нè тера да се смееш и кога ништо не е смешно? Дури ако не станува збор за љубов до крајот на животот, сепак си благодарен што си го доживеал можеби најубавото чувство од сите. Сепак, од машки агол, погледот на вљубеноста изгледа вака:

Ненад: Мажите не се плашат од вљубување и не се откажуваат од љубовта од таа причина. Дури и да постои страв кај поединци, тој не произлегува од самото чувство на вљубеност туку да не ја загубат почвата под нозете, земајќи предвид дека се емотивно послаби од жените. Никој не сака да оди по облак кој може да прсне секој миг, нели?

Милош: Оној што чувствува страв, не се плаши од вљубување, туку од себеси, од неизвесноста, несигурноста…

Петар: Недостиг на самодоверба. Да се откажеш од љубовта поради стравот од вљубување значи дека не веруваш во својата личност и во сите нејзини делови. Тој што се плаши од вљубување не е способен за љубов, бидејќи кога би знаел да сака, прво би се сакал себеси, а потоа би бил вљубен и во својата личност, што сметам дека не е егоцентрично, туку е свесно.

Дарко: Вљубеноста е иницијална капсла која со својот набој во краток период донесува бура од прекрасни чувства, и која во некоја рака ја покажува иднината. Затоа вљубеноста трае четири до шест недели (хемиски), како вовед во љубовта. Факт е дека може да нè исплаши тоа што го чувствуваме, но секогаш добиваме онолку колку што можеме да поднесеме.

Фото: Getty Images

ПРАШАЊЕ 2

Што значи кога нема да се јави по првиот состанок?

Пред неколку дена ми се јави другарката да го решиме мистериозно исчезнување на дечкото што ја поканил на состанок, кој по една пијачка и неколку бакнежи веќе не се јавил. И покрај изреката „кој знае зошто е добро тоа“, сепак недостига конкретен одговор кој би ја решил загатката.

Ненад: Страв од неуспех. Да, постои! Тоа е мигот кога мажот без никаква надеж и очекувања отишол на состанок, верувал дека ќе биде само уште едно излегување, мала кратка забава – но следело изненадување. Девојката му се допаднала, а не се надевал на тоа. Тогаш следува паника, од која произлегува парализа и нејавување.

Милош: Илјада желби, една реалност. Кога ќе запознаеш некоја личност, почнуваш да мечтаеш за разни нешта што би ги правел со неа. Патувања, излегувања, седење дома и гледање филмови, размислуваш како се бакнува, што зборува, како се однесува во дадени ситуации… А ако веќе на првиот состанок се покаже дека не е девојката од твоите мечти…

Петар: Не е сингл. За жал, честа појава, но сосема нормална. Во рамките на овој феномен постојат две категории, а тоа се мажи што имаат девојка, но кои свесно влегуваат во нова авантура, очекувајќи забава за една вечер, па по освоената тврдина, продолжуваат понатаму. И други, на кои едноставно им се случува таквата ситуација. Можеби новата ситуација многу им се допаднала, но сепак остануваат во својата комфорна зона.

Дарко: Едноставно не е заинтересиран за тебе. Мажите имаат проблем отворено да покажат дека не се заинтересирани бидејќи начелно веруваат дека се јаде сè што лета. Жената би требало да го прифати фактот дека не му се допаѓа доволно за да поминува време со неа. Колку и да звучи сурово, има право на свој избор.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.