Велнес-индустријата подготви новитети што би можеле да ги пробаме: Еве за што станува збор…

ТОП 10 нови велнес-трендови

Повеќето велнес-трендови пронаоѓаат инспирација во древните култури, а заедничка цел им е смирување на умот и телото!

Едно е сигурно, во 2021 година велнес беше топ-тема: фокусот беше на физичкото и на менталното здравје и на квалитетот на животот, се пишуваше за тоа како да се заштитиме одкоронавирусот, голем број луѓе почнаа да медитираат, а ни јогата не ја загуби својата популарност.

Сето тоа, како што велат експертите, продолжува, бидејќи „активностите“ чија цел е доброто на нашето тело и ум никогаш нема да бидат запоставени. Ви ги претставуваме велнес-новитетите!

ТРЕНД #1 WELLNESS RETREAT Зошто кога сме на годишен одмор настојуваме да го излекуваме стресот со излежување на плажа и со пиење коктели? Филозофијата на оваа програма се темели на одмор за време на кој ќе усвоите здрави навики кои ќе станат составен дел од вашето секојдневје. Медитациски, вегански и јога-третмани оваа година ќе бидат исклучително популарни!

ТРЕНД #2 НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ МЕТОДИ Се истражуваат и официјално се признаваат како ефикасни методите на некои стари цивилизации за лекување разни тегоби. На „cupping“, отворање чакри, и на реики веќе не се гледа како на неконвенционални методи, така што полека стануваат популарни благодарение на врвните спортисти и на ѕвездите.

ТРЕНД #3 ЛЕКОВИТИ ПЕЧУРКИ Популарноста што минатата година ја имаше кокосовото масло, оваа година ја уживаат печурките. Се сметаат за суперхрана, а дел се и од традиционалната кинеска медицина. Чага, мисиркина опашка, лавовска грива – стануваат популарни во исхраната како додатоци. А зошто печурките стануваат толку многу популарни?

Делумно поради тоа што новите истражувања покажуваат колку многу се моќни во борбата против канцер, за намалување шеќер во крвта, против воспаленија… Некои печурки содржат значителни количества витамин Д, кој е во дефицит кај секого од нас.

ТРЕНД #4 АЛКОХОЛНА АПСТИНЕНЦИЈА Воздржувањето од алкохол за да се чувствуваме подобро и за да го донесеме организмот во рамнотежа е еден од главните велнес-трендови. Кога веќе можете да го контролирате внесувањето шеќери и јаглехидрати, зошто да не отидете чекор подалеку и да престанете да консумирате алкохол? Безалкохолните коктели и тониците од билки се служат во велнес-оазите низ целиот свет!

ТРЕНД #5 ЧАД ОД ЖАЛФИЈА Чадот што се ослободува при палење на билките може да ја зголеми функцијата на белите дробови, мозокот и на кожата, но и да го прочисти воздухот од бактерии. Ова можете да го пробате и дома. Затворете ги сите врати и прозорци, и на врела тава ставете неколку листа жалфија. Оставете чадот да ја исполни просторијата, а потоа отворете ги прозорците за да излезе надвор. Ова веќе се применува во некои велнес-центри.

ТРЕНД #6 КАФЕ-КАФЕ Коренот на растението се користи за приготвување пијалаци со седативно и антисептично дејство. Кафето е седативно и првенствено се консумира заради релаксација, без нарушување на менталната острина. Бидејќи ефектите на оваа напивка се слаби и не предизвикуваат мамурлак, овој тренд владее и во 2021 година. Кафе-баровите се многу популарни во Њујорк, Лос Анџелес, во Мајами и наскоро пристигнуваат и во Европа.

ТРЕНД #7 ФИТНЕС-РАЗНОВИДНОСТ Во последно време, луѓето веќе не се занимаваат само со една активност. Пливање, танц, трчање, возење велосипед, планинарење – сето тоа може да биде дел од фитнес-рутината за да останеме во форма и да се чувствуваме подобро. Значи, фитнесот станува животен стил, а не само негов дел.

ТРЕНД #8 ЗВУЧНА КУПКА Станува збор за уникатен велнес-тренд. Процесот подразбира да лежите на земја додека гонгови (африкански инструменти) и други смирувачки инструменти создаваат исцелителен звук кој треба да ги смири и отпушти телото и умот. „Soundbath“ може да ви обезбеди длабока релаксација и мирен сон, а еден третман трае околу 1 час.

ТРЕНД #9 EFT TAPPING (ТАПКАЊЕ) Со стимулација на одредени точки на телото можно е да се ослободиме од стресот, а точниот назив на овој метод е „emotional freedom techniques“! Во буквална смисла, станува збор за емоционална акупунктура без игли.

Се изведува со тапкање со прсти на одредени акупунктурни точки на телото по должина на енергетските линии (меридијани), додека размислувате за некој проблем или за настани за да им го намалите интензитетот на негативните емоции. Овој неинвазивен метод се користи во терапија за намалување на стресот, тегобите, депресија, фобии, болки и чувство на глад.

ТРЕНД #10 РАБОТА И СЛОБОДНО ВРЕМЕ Голем број компании им дозволуваат на своите вработени покежуал дрес-код и изгледа дека тоа ќе биде водечки тренд во 2022 година. Истовремено, модните брендови креираат облека за повеќе намени, вклучувајќи и одење во фитнес-центар. Тоа значи дека деловниот свет ја препознал колку е важно вработените да се чувствуваат добро.

Да се надеваме дека ова ќе заживее и кај нас!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.