Тој е најсексапилниот маж на светот, сите жени го сакаат, но тој ја сака само неа: Џон Леџенд го открива рецептот за успешен брак!

Љубов што не знае за граници

Пејачот открил дека денес повеќе ја сака својата сопруга одошто на почетокот од врската

Џон Леџенд и манекенката Криси Тајген се запознале во 2007 година на снимањето на неговиот спот за песната „Stereo“. Криси била ангажирана да ја одигра главната улога во екранизацијата на видеото за неговата песна.

Штом се сретнале, блеснале искри, а и самата Криси во едно интервју открила дека веднаш по снимањето на спотот се случило нешто помеѓу нив, но во официјална врска влегла дури по една година.

https://www.instagram.com/p/B4vjMDKFx7b/?utm_source=ig_embed

По снимањето на спотот, Џон отишол на турнеја, но продолжил да се допишува со Криси.

„Се вљубив во неа додека се допишувавме. Знаете, она е многу добра со зборови. Нејзината смисла за хумор е тоа што најмногу го сакам кај неа. Не ни паметам колку пораки си разменивме и колку телефонски разговори направивме, но знам дека уште тогаш си помислив дека таа е жената со која сакам да го поминам животот.“

По 4 години врска, Џон ја запросил манекенката, а венчавката што била како од бајка, била одржана во 2013 година на италијанското езеро Комо.

Криси открила дека бракот никогаш не и’ бил приоритет.

„Ми беше убаво во врска со него и никогаш не инсистирав да го потпишеме тој документ. Знаев дека нашата љубов е силна. Не сме традиционални типови, едноставно се чувствував убаво кога бев со него и тоа е се’ што ми беше потребно“, изјавила таа.

Тие денес имаат две деца, ќерка Луна и син Мајлс.

https://www.instagram.com/p/B4LS1gpFfyF/?utm_source=ig_embed

На социјалните мрежи, со следбениците споделуваат фотографии од семејните моменти и се чини дека владее хармонија во нивниот дом.

Музичарот открил во едно интервју како успева да ја одржи страста и љубовта по толку години поминати заедно.

Иако Џон дефинитивно не открил топла вода, уште еднаш не’ потсетил дека наједноставните начини се најдобри за да му покажеме на партнерот одвреме-навреме дека се’ уште ни значи, дури и по 11 заеднички години.

https://www.instagram.com/p/B4KlCw_F9qk/?utm_source=ig_embed

„Купете цвеќе одвреме-навреме, нека вашиот партнер знае дека се’ уште ви е посебен. Мене Криси денес ми е уште попривлечна одошто пред 10 години, бидејќи сега таа привлечност не е само физичка. Ние сме тим и тоа не’ прави поповрзани од кога било претходно“, открил тој.

Не е на одмет и да и’ напишете неколку љубовни стихови на вашата поубава половина, исто како што направил Џон кога ја напишал љубовната балада „All of me“, што и’ ја посветил на својата сопруга.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.