21 совет од познати дизајнери: Вака треба да изгледа вистинската жена!

Применете ги!

Никој не ги разбира шармот и убавината како модните дизајнери

Според модните дизајнери, кои го познаваат секој облик на женското тело, вака треба да изгледа вистинската жена:

  • „Рацете се визит-карта на девојката, вратот е нејзината лична карта, а градите се нејзин пасош.“ – Коко Шанел
  • „Вистинската жена треба да биде немирна, по малку палава и каприциозна“ – Кристијан Диор
  • „Возраста на жената не е најважна. На 20 години можете да предизвикувате восхит, на 40 можете да маѓепсувате, а неодоливи можете да бидете до крајот на вашиот живот.“ – Коко Шанел
  • „Убавиот маж е најдобриот женски моден додаток!“ – Коко Шанел
  • „Секое изедено залаче останува две минута во уста, два часа во стомак и два месеца на бутови.“ – Кристијан Диор
  • „Немојте претерано да им верувате на трендовите. Не дозволувајте модата да завладее со вас, туку сами одлучете кои сте и што сакате да изразите со вашата облека и начин на живот.“ – Џани Версаче
  • „Да бидете елегантни не значи да паѓате в очи. Да бидете елегантни значи да се врежете во нечие сеќавање.“ – Џорџо Армани
  • „Секогаш одете така како да ве следат тројца мажи.“ – Оскар де ла Рента
  • „Грижата за изборот на обувки никогаш не е претерана. Многу жени мислат дека тие се неважни, но вистинска потврда на женската елеганција е тоа што го носи на нозете.“ – Кристијан Диор
  • „Кога одбирате модни додатоци, извадете го тоа што сте го ставиле последно.“ – Коко Шанел
  • „Ако имате криви нозе, носете подлабоко деколте.“ – Кристијан Диор
  • „Тоа што го носите го означува како ќе му се претставите на светот, особено сега кога човечките контакти се толку брзи. Модата е директен јазик, разбирлив без превод.“ – Прада
  • „Не може да се лажира шикот, но шикот може да биде во лажно крзно.“ – Карл Лагерфелд
  • „Колку полошо се чувствува девојката, толку подобро треба да изгледа.“ – Коко Шанел
  • „Парфемот е ненадминлива нијанса на женската индивидуалност, тој му ја дава последната нота на вашиот изглед.“ – Кристијан Диор
  • „Не постојат грди жени, туку само мрзливи.“ – Коко Шанел
  • „Пазете се од оригиналноста. Во женската мода, оригиналноста може да доведе до масакр.“ – Коко Шанел
  • „Чевлите го трансформираат изразот и држењето на вашето тело. Тие ве подигнуваат, како физички така и емотивно.“ – Кристијан Лобутин
  • „Добро скроениот фустан мора да и’ стои на секоја жена. Точка!“ – Коко Шанел
  • „Грижата за убавината треба да почне од срцето и душата. Во спротивно, никаква козметика нема да ви помогне.“ – Коко Шанел
  • „Купувајте помалку, одбирајте подобро и правете го тоа сами!“ – Вивиен Вествуд
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.