Судбината ви го праќа бившиот поради една единствена причина: Да провери колку сте глупави!

Голем тест

Ако размислувате за смирување со бившиот, имајте ги на ум петте најважни работи

Не е реткост по раскинувањето на долгогодишна сериозна врска, бившите повторно да се појават во нашиот живот. Тоа најчесто се случува или затоа што сте прекинале на лош начин, па на еден од партнерите им треба извинување или подобра завршница, или поранешниот партнер со години манипулирал со вас, па се враќа повторно да го прави тоа.

Кога патиштата повторно ќе ви се вкрстат, умот почнува да се игра со вас – ви се јавуваат бројни прашања, а најчесто тоа дали треба да дадете втора шанса. Одговорот зависи од тоа што се случувало по раскинувањето. Сте преживеале и сте продолжиле понатаму? Или и понатаму сте заглавени во таа врска?

За што и да станува збор, кога се работи за бившиот, секогаш имајте ги на ум следниве 5 работи, бидејќи животот најчесто повторно го враќа на вашиот пат за да провери дали и колку сте глупави, грубо кажано!

1. Не заборавајте зошто сте раскинале

Не треба да се сеќавате само на убавите работи, туку и на болката, разочарувањето и на другите негативни чувства што сте ги доживеале поради партнерот. Не сте одлучиле туку-така да раскинете, нешто ве натерало на таква одлука. Пред повторно да го пуштите во вашиот живот, сетете се зошто сте го исфрлиле од него.

2. Смирувањето е недозволиво само поради недостиг на блискост

Ова е најчестата причина зошто бившите партнери се смируваат. Тоа е она што ја одржува љубовта, но не е причина да се остане во лоша врска. Не треба да се смирите само затоа што сте поминале години со него или се чувствувате осамено или ви недостига интимност со блиска личност. Здравата емоционална и психолошка врска е многу поважна од физичката.

3. И понатаму нема поента да бидете заедно?

Барем еден од вас двајца не можел да си замисли заедничка иднина и токму затоа сте раскинале. Што се променило, па мислите дека сега ќе ви успее?

4. Довербата е нарушена

Точно е тоа дека довербата повторно може да се изгради, но во 99% од случаите тоа не е она што некогаш било. И понатаму ќе се сомневате во неговите постапки, а тоа не води кон ништо добро.

5. Луѓето сепак не се менуваат

Можете да промените некои навики кај партнерот, но не можете да ја промените неговата природа. Тука не помагаат никаква љубов или посветеност. Ако е ист како порано, немојте да бегате од вистината – бегајте од него!

Експерт советува: Кога е време да размислите за раскинување со партнерот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.