Стара љубов не се заборава: Џенифер Анистон и Бред Пит ја обновиле романсата?

Кружат гласини

Поранешниот холивудски пар дал повод да се запрашаме дали повторно ја разгореле старата страст.

Откако Бред бил гостин на божиќната прослава што ја организирала Џенифер, не престануваат да кружат претпоставките дека меѓу нив се случува нешто повеќе од пријателство.

Иако неколку години по разводот не разговарале, изгледа дека дошло време да ја прекинат војната. Имено, тие одлучиле да не се враќаат повеќе во минатото и да престанат меѓусебно да се обвинуваат за распадот на бракот.

„Причината зошто тие сега одлично се согласуваат е тоа што решија да го остават минатото зад себе. Тој ја прифати вината. Не бил свесен колкава болка и’ нанел на Џенифер тогаш. Бил толку маѓепсан од Анџелина што во тој период не гледал ништо подалеку од неа“, открил извор близок на актерите.

Емоциите меѓу нив никогаш целосно не згаснале, тврди изворот. Нивното дружење станало се’ почесто по таа прослава иако тврделе дека ќе останат само пријатели и дека нема шанси да ја обноват љубовта, многумина се сомневаат во нивните зборови.

Останува да видиме што ќе се случува понатаму.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.