Зошто Елизабет Харли направила девојче од својот син: „Најсреќна ќе бидам ако стане актер!“

Каква мајка таков син

Дамјан Харли има 17 години и неодамна започнал манекенска кариера

Елизабет Харли (54) и нејзиниот син Дамјан (17) позирале за божиќно селфи, носејќи слична облека, но и шминка.

Фотографијата била објавена на социјалните мрежи, а коментарите не стивнувале. „Имате исти очи“, „Пресликани“ и слично.

https://www.instagram.com/p/B6gBDRalivM/?utm_source=ig_embed

Дамјан неодамна започнал своја манекенска кариера, придружувајќи се на армијата деца на славни родители кои запловиле во манекенските води, како што се Кајли Џенер, Киа Гербер, Бела и Џиџи Хадид.

Она по што се разликува Дамјан е неговиот андроген стил. Имено, младиот дечко не се плаши да стави шминка или да облече женска облека. А најмногу сака да се облекува речиси исто како неговата мајка, актерката Елизабет Харли.

https://www.instagram.com/p/B6Q2O74FZjB/?utm_source=ig_embed

Изгледа дека тоа нејзе воопшто не и’ пречи, па самата со задоволство ги споделува фотографиите на кои се облечени идентично.

https://www.instagram.com/p/B0CHn8LFcK-/?utm_source=ig_embed

„Секогаш велам: не е убаво на луѓето да им биде здодевно со тебе. Мора да знаеш се’ за географија, историја, древна историја, тоа е интересно. И потоа, секако, ако сака да биде и ако е доволно талентиран и среќен да биде филмска ѕвезда, тоа би било многу, многу убаво. За мене тоа би било како шлаг на тортата откако ќе стане комплетна личност.“

Се поставува прашањето чии амбиции исполнува Дамјан?

https://www.instagram.com/p/BoWToN5hY7g/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.