Се омажила за актерот чии постери лепела на ѕидовите: Најубавите години ги поминала со мажи што не ја сакале!

Љубовна приказна

Дали конечно ја пронашла својата среќа?

Кејти Холмс е една од холивудските актерки кои сè уште пленат со својот младешки изглед, иако наскоро ќе наполни 41 година.

Светска слава стекнала откако во 1998 година се појавила во серијата „Светот на Досон“ на само 20 години, а уште попозната станала кога почнала да се гледа со актерот Том Круз, кој бил нејзината детска љубов.

Кога почнала да глуми во популарната серија, во интервјуата зборувала дека најмногу ѝ се допаѓа Том. И тие навистина се запознале во 2005 година, а по осум недели се свршиле.

Во април 2006 година, Кејт ја донела на свет нивната ќерка Сури. Кон крајот на таа година, парот се венчал во Италија, а биле присутни многу познати личности, како Дејвид и Викторија Бекам и Вил и Џејда Смит.

Но шест години по венчавката, поточно во 2012 година, парот се развел и оттогаш не ја немаат јавно објавено причината за разводот. Но она што е најтажно во целата приказна е фактот што Том не смее да ја гледа својата ќерка поради сајентологијата, за која тој се залага, а Сури не. Наводно, последен пат ја видел во 2013 година, но никогаш нема да знаеме дали тие се гледаат подалеку од камерите во јавност.

Сепак, неодамна почнало да се шушка дека популарниот актер ќе ја напушти својата вера, бидејќи видел фотографија од пораснатата Сури и сфатил дека не бил покрај неа сите овие години.

Во меѓувреме, Кејти нашла нов дечко, 33-годишниот готвач Емилио Витола, воедно и наследник на омилениот њујоршки ресторан Emilio’s Ballato. Но, изгледа дека Емилио раскинал со својата поранешна свршеница Рејчел Емос поради популарната актерка, додека таа купувала венчаница за нивната венчавка.

Наводно, мајката на Емилио, Лурдес Витоло, била гневна поради целата ситуација во која се наоѓа нејзиниот син, бидејќи не очекувала дека ќе ја раскине свршувачката на таков начин.

„Лурдес не го воспитуваше да биде таков и ни најмалку не ѝ се допадна неговото однесување. Неговата свршеница и тој не брзаа да се венчаат, веројатно бидејќи не функционираа најдобро. Тој сака постари жени. Пред Кејт беше во врска со повозрасна водителка од телевизија Fox и уште неколку такви“, рекол еден извор за медиумите.

Пред Емилио, Кејт со години била во врска со Џејми Фокс, кој одбивал да се појави со неа во јавност. По неколку години заеднички живот, Џејми ја оставил Кејт, која веднаш се нашла во прегратките на Емилио Витоло, а многумина наведуваат дека тоа е само маркетиншки трик, бидејќи на Кејт очајно ѝ треба позитивен маркетинг.

Кејти Холмс во љубовен занес со ново момче, но сите ја коментираат неговата испотена пазува (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.