Познати психолози откриваат: Сопружниците што постојано го поставуваат ова прашање никогаш нема да се разведат!

Гаранција за среќен брак

Во ваквиот брак не се ни помислува на неверство

Што е потребно за среќен брак? Не многу, само треба редовно да си го поставувавте себеси ова клучно прашање што има моќ да го подобри односот.

Станува збор за кратко, јасно и речиси волшебно прашање: „Како можам да му помогнам на својот партнер?“

„Секогаш кога ќе го погледнете вашиот сопружник, поставете си го ова прашање. Одвреме-навреме поставете го прашањето на глас за да слушне партнерот и да ви одговори. Помогнете му како што можете. Ако не можете, дајте му разбирање. Побарајте детали, помогнете му да си ја олесни душата. Ова е причината зошто ова прашање толку добро влијае врз секоја врска“, порачуваат познатите психолози.

Во бракот е исклучително важно да владее во домот смирена и убава атмосфера. Ако искрено разговарате, се слушате и си помагате меѓусебно, бракот не може да биде лош. Грижливиот сопруг или сопруга кои умеат да слушаат, се препознаваат како сродни души и партнери за цел живот. Токму затоа во ваквите бракови не може да дојде до неверство.

Напомена: За да биде ова прашање моќно оружје што го подобрува бракот, мора да го практикуваат двата партнера. Ако се труди само едниот од нив, тука нема брачна среќа и љубов.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.