Мирјана Мајнова: „Заедно со Хајсенс ќе понудиме целосно решение за домот на едно место“

Дизајнерска линија која е директен израз на мотото на „Горење“ - Life Simplified (Поедноставен живот)

Од минатата година, „Горење“ е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Хајсенс (Hisense).

Од минатата година, компанијата „Горење“ е дел семејството „Хајсенс“ (Hisense), водечката светска компанија за електроника. Тоа беше поводот за разворот со Мирјана Мајнова, директорка на „Горење Дооел Скопје“.

  • Што е според вас најзначајното за „Горење“ во оваа соработка?

Токму така, од крајот на минатата година, Горење е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Хајсенс (Hisense).  Хајсенс (Hisense) е финансиски стабилна корпорација која постои веќе 50 години и која дава значаен потенцијал за иден раст и развој на Горење, пристап до нови пазари, нови технологии и извори на набавки и многу други синергии.

Со интегрирањето станавме компанија со огромно портфолио на производи, кое покрива различни пазарни сегменти, современи развојни центри, Ноу хау и голема продажна мрежа со добро обучен кадар.

Во периодот кој следи, најзначајно за Горење е тоа што нашето портфолио на производи ќе се прошири во оние сегменти каде што досега не сме биле присутни: телевизори, мобилни телефони и големи системи за климатизација и ќе им понудиме на нашите купувачи целокупно решение за нивниот дом на едно место.

Мирјана Мајнова, директорка на „Горење Дооел Скопје“
  • Што вие лично научивте од искуството на компанија како што е Хајсенс?

За оваа една година научив дека треба да бидеме т.н. open minded. Да бидеме позитивни во однос на промените, отворени кон нови идеи и без предрасуди.

  • Кои се вашите тековни и наредни ангажмани и кампањи?

Сакаме да ги запознаеме потенцијалните купувачи со големината на Хајсенс (Hisense), нивната позиција на пазарот во светот и со иновативната технологија која ја имплементираат во своите телевизори. Не е случајно што Хајсенс (Hisense) е најпродаван бренд на телевизори во Кина веќе 14 години по ред, а четврти бренд во светот.

Телевизорите од брендот Хајсенс (Hisense) претставуваат револуција во иновативноста на ова поле и овозможуваат потполно ново корисничко искуство. Сакаме токму овие иновации на Хајсенс (8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн.) да им ги понудиме и на македонските купувачи во првиот квартал следната година и да им овозможиме унапредено ТВ-искуство по прифатливи цени.

Овој месец на глобално ниво ќе го промовираме новиот дизајн на линија Simplicity од Горење која постои веќе 10 години. Оваа дизајнерска линија е директен израз на мотото на Горење, Life Simplified (Поедноставен живот). Целта на оваа дизајнерска линија е да го поедностави изборот на потрошувачот, за помалку работи да се имаат на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе. Минималистичкиот дизајн и висококвалитетни материјали се спојуваат со функции што се максимално приспособени на потребите и навиките на купувачите.

  • Кои се вашите омилени производи на Горење, кои ги користите и во вашиот дом со семејството?

Сите апарати за домаќинство во мојот дом се од Горење. Сите одлично ме служат долги години наназад. Но ако морам да одберам, омилени производи од Горење ми се апаратите од VitaWay колекцијата, апаратот за вафли и мафини и апаратите за нега на коса, но не би го изоставила и прочистувачот на воздух.

Лично верувам дека здравјето е најголемото богатство, а храната што ја консумираме и воздухот кој го дишеме се основа за пронаоѓање на внатрешна рамнотежа.

Со семејството секојдневно ги користиме дел од апаратите од VitaWay колекцијата од Горење. Сите го сакаме свежо цедениот сок во Slow Juicer бавниот соковник. Nutri Power блендерот ми е основен помошник во кујната не само за подготовка на смути туку и за мелење на јаткасти плодови, семиња, овесни снегулки кои ги користам како додатоци кога подготвувам вафли или мафини во нашиот омилен апарат за вафли и мафини.

Свесни сме за загаденоста кај нас. Прочистувачот на воздух со јонизатор од Горење, ги отстранува 99% од несаканите PM 2,5 и PM 10 честички. Затоа го користам и во домот и на работното место.

  • Раскажете ни нешто повеќе за дизајнерските линии, колку кај вашите женски клиенти е важен дизајнот?

 Дизајнерските линии го издвојуваат Горење од преостанатите брендови. Колекциите на кои сме особено горди се резултат на долгогодишната соработка со врвни дизајнери Philippe Starck, Karim Rashid и Ora ito. Линијата на Philippe Starck со минималистички дизајн со висококвалитетна изработка, со рефлективно стакло и со нерѓосувачки челик ќе се вклопи беспрекорно со неговата околина и буквално ќе стане одраз на вашиот животен стил и личност.

Апаратите дизајнирани од Ora ito се едноставни и интуитивни и во нив е интегрирано најдоброто што го нуди технологијата. Дизајнот на Karim Rashid е познат по силниот карактер и чистите линии кои даваат впечатлив и привлечен изглед, надграден со модерна технологија. Нежните линии на апаратите ја раскажуваат приказната за протокот на енергијата, вкусот и воздухот, за текот на животот. Воодушевуваат и сопствени линии на Горење како што се Simplicity, Classico и Retro колекцијата на фрижидери.

Откако кујната стана дел од дневната соба, апаратите за домаќинство станаа еднакво важни како и сите останати детали кои ни го разубавуваат домот.

Жените многу повеќе внимание обрнуваат на дизајнот и на деталите меѓутоа сите дизајнерски линии се одлично прифатени подеднакво и од машките и  од женските клиенти. Сите апарати од дизајнерските линии се убави и истовремено многу различни така што имаме избор за сечиј вкус и може совршено да се вклопат во сечиј дом. Многу често малите апарати за домаќинство од дизајнерските линии се избор на жените. Тие ги избираат како декор во кујната без разлика дали останатите апарати се од некоја дизајнерска линија или не.

  • Се ближи есенскиот и зимскиот период, кога степенот на загадувањето кај нас е највисок. Во однос на вашата девиза Life Simplified, какви кампањи кои би ја зголемиле свеста на граѓаните за овој голем проблем се во план?

Во моментов работиме на кампања со која сакаме да потенцираме дека грижејќи се за природата, се грижиме за себе. Грижата за околината не треба да биде само во есенскиот и зимскиот период кога степенот на загадување е највисок. Посочуваме дека секој од нас, без разлика колку и да ни изгледа не значајно, може да придонесе во грижата за животната средина, во текот на целата година. На пример, доколку ги оставиме автомобилите дома и одиме на работа со велосипед или автобус, ќе помогнеме да се намали загадувањето на воздухот. За таа цел, ќе донираме велосипедски паркинзи со цел да се унапреди инфраструктурата за велосипедистите и да придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Оваа кампања има и за цел да посочи дека доколку промениме некои задачи кои рутински ги правиме, можеме поефикасно да ги извршиме со користење на помалку вода, помалку електрична енергија и со ограничена употребата на детергенти кои загадуваат.  Со промена на само некоја навика, можеме да го зголемиме сопствениот животен век и животниот век на блиските. Со замената на старите апарати за домаќинство со новите енергетски ефикасни апарати за домаќинство од Горење, ќе ја намалиме потрошувачката на енергија и вода, а со тоа и влијанието врз животната средина.

  • Живееме во брзо време, кога луѓето имаат сѐ помалку време за нештата кои приватно ги исполнуваат. На кој начин производите на Горење можат да го поедностават- олеснат секојдневието на едно семејство ?

Мотото на Горење е Life Simplified и Горење ја користи технологијата токму за тоа, да го поедностави животот онаму каде што најмногу ни треба, во нашите домови. Секоја нова технологија, иновација или услуга што ја нудиме има цел да ги поедностави домашните активности, правејќи ги секојдневните моменти попријатни и најголемите моменти во животот поисполнети и незаборавни. Да се имаат помалку работи на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе.

На пример, со адаптивната технологија во Simplicity апаратите од Горење може драстично да се намали товарот на самото готвење како неопходна активност, да се поедностави животот, а со тоа, да се помине поголем дел од времето со најблиските. AdaptBake функцијата во рерните ги помни приспособувањата на температурата за секоја програма и ја предлага последната или најчесто користената опција следниот пат кога ќе ја вклучите.

AutoDetect функцијата кај плочите за готвење, по првите 10 секунди при вклучување на плочата за готвење, автоматски ќе ја препознае позицијата на садот и ќе ја активира соодветната зона за готвење. За да имате секогаш свежа храна, се грижи интелигентниот систем AdaptTech во фрижидерите кој е развиен за одржување на рамномерна температура во фрижидерот, без разлика колку често ја отворате вратата.

Новите WaveActive машини за перење од Горење опремени со инвертерски PowerDrive мотор, кој има 10 години целосна и бесплатна гаранција, со оптимизирани програми и со напредни решенија. IonTech технологијата ја користи моќта на природниот процес на јонизација, за да ги отстрани дамките и до 30% поефикасно без висока температура или користење на дополнителни хемикалии.

Функцијата StainExpert нуди совршената комбинација од температура, време и количество вода, со што автоматски ќе отстрани до 36 различни видови упорни дамки. Програмата IonWash која трае само 59 минути, брзо и нежно ќе отстрани над 30% од дамките, осигурувајќи А резултати од перењето.

Исто така, од особена важност е и функцијата DoseAid со чија помош се одредува оптимална доза детергент за секое полнење, без оглед на количината на алишта што сте ги ставиле да се перат за да бидете сигурни дека детергентот го употребувате на најекономичен и на најздрав начин.

Поради тоа, можеме да кажеме дека Горење е извор на безброј идеи кои го поедноставуваат животот и му даваат повеќе слободно време на корисникот за работите кои се навистина важни.

  • Како балансирате помеѓу семејството и работните обврски, и колку ви останува време за вас лично?

Балансирањето е секојдневен предизвик. Се трудам максимално ефикасно да го користам времето поминато на работа за да имам повеќе време за семејството.

Време за мене лично е всушност времето кое што го поминувам со Синтезис. Секој друг момент му е посветен на семејството.

  • Имате ли омилени ритуали за убавина, нега и релаксација?

Обврските, темпото и приоритетите во животот не ми дозволуваат ритуали за нега, убавина и релаксација. Меѓутоа научив да се релаксирам и уживам во мали моменти кои што наместо да ми поминат незабележано, наместо да ги  „претрчам“ во текот на денот, јас „застанувам“ и им придавам значење. Така на пример се релаксирам додека пијам кафе, а мојот двегодишен син црта, додека ја проверувам домашната на големиот син, додека заедно правиме сок, кафе, мафини, додека во недела ги чекаме палачинките што ни ги подготвува мојот сопруг 😊

  • На локално и на светско ниво, малку жени се на водечки позиции во големите компании. Дали некогаш сте се почувствувале инфериорно како жена во условно речено „машката“ професија?

Мислам дека перцепцијата за машка и женска професија е променета. Исто како што е променет ставот дека само жените готват, се грижат за децата и ги извршуваат домашните обврски. Според мене повеќе е во прашање биолошката природа на жената. Јас не сум се почувствувала инфериорно. Сметам дека еден културен, современ маж никогаш нема да се однесува така за да една жена се чувствува инфериорно покрај него.

  • Кое е мотото на компанијата според кое се водите во работата и вашето лично мото кое ве турка напред?

Мисијата на Горење е да го поедностави секојдневниот живот на клиентите. Во динамичното окружување, Горење се стреми да биде извор на практични идеи што ги прават секојдневните работи поедноставни, животот помалку комплициран и пријатен. За Горење, комплексноста не е товар што треба да се избегне, туку инспирација за потребни решенија. Едноставноста не е само минималистички дизајн, едноставноста е повеќе од функција, параметар за перење, тајмер за машината за миење садови. Едноставноста не треба да се меша со „едноставниот живот“. За Горење едноставноста е искуство: помалку работи за размислување, помалку работи за откривање, помалку копчиња за кликнување, помалку поминато време и мирен ум.

Моето лично мото е да не очекувам ништо од никого. Да работам активно и делувам проактивно.

  • Горење е бренд кој опстојува долго време на домашниот, на регионалниот и на светскиот пазар. Кои се клучните карактеристики на успехот ?

Слушајќи ги потребите на нашите потрошувачи и одговарајќи на нивните очекувања, барања и потреби успеавме да останеме бренд кој често е прв избор на купувачите бидејќи нудиме квалитетни апарати за домаќинство, добар однос меѓу квалитетот и цената, и што е најважно, добра пост-продажна услуга.

При купување на апарати ретко кој размислува за гаранцијата и сервисирањето на истите. Но, пост-продажната услуга е од особено големо значење за продолжување на животниот век на производот. Одржувањето на апаратите преку брза и професионална поправка и замена со сигурни и оригинални резервни делови се основа на квалитетното работење на компанија како што е Горење. Довербата во сопствениот квалитет ја докажуваме со пет годишната целосна и бесплатна гаранција на апаратите од бела техника.

Текст: М. Џаровска

Фото: Александар Велов, PR

Шминка и фризура: Владимир Трајковски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.