На Свети Валентин никако не смеете да го правите ова!

Со вистинската личност, секој ден ќе ви биде празник на љубовта

Денес многумина го слават Денот на љубовта или Свети Валентин, иако, според православната традиција, денес е празникот на свети Трифун, заштитникот на лозарите, па одгледувачите на винова лоза токму на овој ден ги кријат лозниците. Сепак, тие што сепак се одлучуваат за љубовта, а не се по виното, еве што не треба да прават денес…

1 Не плачете врз сопствената судбина

Нема нешто полошо од тоа да се сожалувате цел ден за состојбата на животот, главоболката, отчукувањето на биолошкиот часовник, тоа што се чувствувате осамено бидејќи овој празничен ден не може да ги исполни тие ваши желби за еден ден. Зачувајте го достоинството и останете позитивни бидејќи е само еден обичен ден.

2 Не одете на прв љубовен состанок

Првите состаноци се природно по тешки, што би значело дека дополнителниот притисок поради Денот на љубените е потполно непотребен. Шансите дека и двајцата ќе ја поминете вечерта во лажни очекувања, надевајќи се дека тој е вистинскиот/а не ви се потребни. Ова не е ден кога треба да ризикувате, па затоа е најдобро да го преместите.

3 Не јавувајте му се на бившиот!

Никако! Ако помислите на ова додека седите во вашата соба депресивни и слушате тажна музика, запрете се! Природно е што во текот на овој ден, вашите мисли летаат кон вашата последна љубовна романса, но сигурно сте раскинале со причина и не е добра идеја денес да се обидете да ги испеглате работите само за да не бидете сами на овој ден.

4 Не барајте утеха во алкохолот под изговорот дека славите Свети Трифун

Последно што ви треба е да го поминете овој ден во алкохолизирана состојба. Иако е сосема прифатливо да се дотерате и да се дружите со вашиот сингл-приjaтел или пријателка, не предизвикувајте ја вашата дива страна. Запомнете, ова е уште еден обичен календарски ден, а пиењето многу алкохол оваа вечер нема да го подобри вашиот љубовен живот.

5 Не потценувајте се

Ова е најважно! Вашата вредност како сестра, ќерка и пријателка не ги дефинира тоа дали сте во врска или не. Фокусирајте се на она што сте го постигнале или на она што сакате да го остварите во животот. Кога ќе видите колку ве сакаат и ценат, ќе сфатите дека вашите способности се многу поголеми од тоа дека сте сериозни само доколку имате партнер покрај себе.

6 Немојте да сте сами

Организирајте убава вечера со семејството, напијте се убаво вино и уживајте во некој смешен филм. Ќе поминете прекрасна вечер со вашите најблиски и најсакани и нема да ви недостастига љубов.

7 Запомнете ги важните работи во животот

Љубовта на вашиот живот треба да ја изберете внимателно, а не под притисокот дека сте осамени или дека е уште еден Ден на вљубените. Со вистинската личност, секој ден ќе ви биде ден на љубовта.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.