Грешка стара 19 години: Кој е типот во кадарот на култната серија? (ВИДЕО)

„Пријатели“ и понатаму во фокусот на вниманието

Хит-серијата „Пријатели“ и две децении по емитувањето и понатаму е обожавана од страна на публиката. А еден обожавател по 19 години открил грешка која се „провлекла“ при снимањето на една сцена.

Станува збор за 18-та епизода од 8 сезона, наречена „The One in Massapequa“, која се емитуваше во 2002 година и во која родителите на Рос и Моника приредуваат прослава за својата 35-годишнина од брак.

Во спорната сцена, Џек Гелер (таткото на Рос и Моника), во еден момент е во кадарот, а во следниот на негово место стои непознат маж.

Кој е типов?“, прашува обожавателот во видеото кое го објавил на ТикТок.

 

@bronniiieeeWho is THAT? ##friendstok ##tvbloopers ##tvblooperfound ##whoknew ##trending ##viral ##fyp ##foryou ##xyzcba♬ There goes the crackhead – Matthew Daniel Gordon

Објаснувањето има врска со начинот на кој е серијата снимана. Спорна е сцената од HD-обработената верзија на епизодата, која има формат на слика 16:9 наместо претходната верзија која е оригинално снимена во формат 4:3, што значи дека сликата е сега поширока и се покажува повеќе од планираното како на пример статисти кои не требало да се најдат во кадар.

Исто така, Џек и Џуди Гелер на прославата ја носат истата облека како и на фотографијата од нив која стои на ѕидот, а која би требало да е снимена и урамена минимум еден ден претходно, ако не и неколку години, нели?

Тоа не е првпат фановите да забележат такви грешки во омилената серија. И претходно биле забележани статисти наместо познатите актери, па така непозната жена ја заменила Рејчел во една сцена, која инаку ја толкува Џенифер Анистон.

 

Видео и фото: Twitter, TikTok, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.