Овие производи се едноставно решение за сува кожа за време на студените месеци

За време на студените зимски денови, кожата на телото бара посебна грижа. Таа е изложена на ненадејни промени во температурата, па затоа и треба помош при таа адаптација.

Со редовна нега, препорачливо е да се прави пилинг за тело секој месец, а по него на кожата да ѝ се овозможи соодветна хидратација. Дури и ако редовно нанесувате само хидратантен крем, кожата на рацете, лактите, колената и стапалата често може да биде сува и груба. За конечно да го решите овој проблем, обидете се со едноставен пилинг што ќе ви ги даде посакуваните резултати.

Пилингот на кожата е тој чекор во вашата рутина каде што или сте редовни или го прескокнувате, но факт е дека тоа е еден од најважните чекори на патот кон здрава и младешка кожа, а она што ја комплетира негата на кожата и спречува појава на брчки е редовната хидратација.

Ако сакате да ја исчистите кожата и да ги отстраните мртвите клетки од неа, пилингот е идеален за вас. Сувата кожа е најчестиот проблем со убавината со кој се соочуваме во зимските денови. Иако хидратацијата е многу важна за здрава и убава кожа, пред да нанесете навлажнувачки лосион или крем за тело, подеднакво е важно да се отстранат мртвите клетки на кожата.

Знаејќи ги сите неверојатни придобивки на пилингот за нашата кожа и важноста на соодветната хидратација по негово користење, ви препорачуваме рутина од само два чекори која без сомнение ќе ја освежи вашата кожа и ќе ѝ овозможи подобар изглед и впечатлив сјај.

Чекор 1: Cuccio Naturalé Scrub

Екстра фин пилинг кој обезбедува богата хидрација помагајќи да се отстранат мртвите клетки на кожата од површината. Богат со минерали и природни морски соли кои прават нежен пилинг, ја оставаат кожата помека и свиленкаста. Oдличен за рацете, телото и стапалата. Природните соли од Мртво море и етеричните масла кои се раствораат брзо, ја оставаат кожата мека во текот на денот. Овој пилинг со сигурност ќе ги смири вашите сетила! Морските соли првин прават благ пилинт, а потоа ја полираат кожата. Овој ароматичен пилинг има зрна кои ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата покривајќи ја со богати хранливи материи кои ја оставаат еластична, сјајна и млада.

Изработен од професионалците за убавина, без парабени и збогатен со витамин Е, бадем и масло од авокадо, заедно со есенцијалните масла за да овозможи ароматично, мирисно спа – искуство.

Оваа мешавина од лаванда и камилица е дел од нашите луксузни спа производи на Cuccio Naturalé, кои вклучуваат мешавина од путери, пилинзи, масла за кутикули и лосиони. 

Чекор 2: Cuccio Naturalé butter

Интензивен, дневен хидрантен третман без мрсна хидратација за совршено свиленкаста мазна кожа. Гучио путерот е фантастичен производ за третман на вашите раце, телото и стапалата особено во овие зимски денови. Патентираната формула ослободува навлажнувачки емолиенти секои два часа за 24 – часовна хидратација, давајќи десет пати поголема навлажнувачка моќ од лосионите. Неговата уникатна формула е создадена да ја направи вашата кожа здрава и хидрирана во текот на целиот ден.

Лаванда и камилица – смирува и рехидрира – заедно лимонската трева и лавандата создаваат моќна комбинација на придобивки, ослободување од стрес и длабока хидратација кои природно помагаат во заживување, омекнување и смирување на кожата. Овие одлични мали путери се фантастични производи како за малопродажба (погодни се и за патувања) така и за салоните за убавина.

Дознајте повеќе за производите и нивните придобивки на www.cuccio.com.mk

 

ФОТО: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.