Љубовта не мора да почне со вљубување? Но ако не се вљубиме, како ќе го избереме партнерот?

Љубовни формули

Според многу психолози, луѓето, благодарение на романтичните филмови, мешаат љубов и вљубеност. Ана Каренина е пример на сценарио со трагична љубов.

До 19 век љубовта и бракот биле одвоени категории. Родителите едноставно би ве предале на сопругот, со чии родители претходно се договориле за сè, а вие и тој би ги презеле улогите на маж и жена.

Се поставува прашањето – дали тоа воопшто можело да се нарече љубов? Да, но никако и вљубеност. Ана Каренина е пример што се случува кога ќе се помешаат тие два поима. Тоа се две сосема различни емоции, иако луѓето мислат дека секоја љубов мора да почне со вљубување, бидејќи ако не се вљубиме, како ќе го избереме партнерот?

Вљубувањето се темели на идеализирање на партнерот, кое нужно води до разочарување. Љубовта е емотивно врзување за одредена личност и претставува мошне константно чувство. Ана Каренина се наоѓа во ситуација да мора да избере меѓу детето и семејниот живот, од една страна, и вистинската љубов, која таа не ја разликува од вљубеност, од друга.

Што и да избере, еден дел од неа ќе остане несреќен. Кога повеќе не може да ја издржи таа внатрешна борба, таа извршува самоубиство. Таква е судбината и на современата западна цивилизација – ги правиме истите грешки како Ана Каренина.

Имено, цивилизацијата мошне полека пропаѓа, нема доволно деца бидејќи луѓето бараат идеална љубов, долго избираат партнер, некои го пронаоѓаат предоцна, а некои никогаш не се откажуваат од раѓање. Многумина наоѓаат партнер, и иако се незадоволни, сепак се одлучуваат за деца, па целиот живот го поминуваат полуразочарани.

Митот за љубовта што носи среќа некогаш се засилуваше во романите, потоа во холивудските филмови, а денес во шпанските, турските и слични серии… Проблем е кога луѓето таквите сценарија се обидуваат да ги рефлектираат во реалниот живот.

Верноста е прашање на одлука

Во една популарната песна, пејачот пее:

„Одлучив да те сакам”.

Многу психолози сметаат дека и верноста е прашање на одлука, а не на љубовта. И покрај тоа, многу пати слушаме за фатална љубов што некому му го поматила паметот. Но стручњаците велат дека не станува збор за привлекување од страна на друга личност, туку сами себеси се привлекуваме кога некоја личност ќе ја оцениме како идеална за нас, па сакаме да бидеме со неа.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.