Љубовта не мора да почне со вљубување? Но ако не се вљубиме, како ќе го избереме партнерот?

Љубовни формули

Се вљубуваме во некој што ни личи на нашиот идеален партнер, а чија слика имаме во главата. Но кога ќе ги откриеме сите негови особини, следува разочарување. Луѓето можат и да „полудат” од љубов, но тоа е всушност страст. А самиот збор страст потекнува од „страдање”.

Кога двајца страсно ќе се посветат на нешто, почнуваат да ги игнорираат другите важни аспекти на реалноста, што на подолги патеки доведува до пропаст. Верноста е прашање на одлука, но претходно се наметнува прашањето:

„Зошто луѓето остануваат заедно?”

Првата причина е – бидејќи така им одговара.

Денес врските повеќе не се под влијание на социјални фактори како во минатото, бидејќи партнерите остануваат заедно сè додека им е добро. Може да се појави втора или трета личност што ќе се обиде да ги освои. Денес изневерената партнерка нема да ѝ ја искорне косата на „онаа другата”, бидејќи се смета дека партнерот треба да го реши проблемот со неа, затоа што има „договор” со својата сопруга.

Значи, и покрај тоа што сте задоволни со партнерот, се појавуваат љубовни понуди што ве доведуваат во искушение да извршите прељуба, и тогаш помага одлуката. Поентата е во тоа што тоа што некого сакате и со него живеете не подразбира автоматска верност. Самата одлука не е доволна – не може само поради неа да се задржи односот, а од друга страна да сте хронично незадоволни.

Денес на секој чекор можат да се слушнат мажи и жени што без пардон зборуваат за своите вонбрачни излети. Порано постоеја 5-6 причини што ги врзуваат партнерите да останат заедно, а денес се само две, или ако имате деца – три причини.

Во врската се очекува задоволство, а навистина е тешко да се најде некој со кој константно ќе бидете задоволни. Денес константа во врските е некој вид незадоволство, посебно кај оние што гледаат љубовни серии. Луѓето мислат дека другите живеат подобро, па почнуваат да трагаат по она што им недостига и така доаѓа до прељуба.

Мажите главно изневеруваат бидејќи новата партнерка им е повозбудлива, а жените бидејќи не се чувствуваат доволно сакани или привлечни. Тоа е последица на тоа што денес е неизвесно колку ќе трае еден брак. Некогаш се знаеше дека тоа ќе биде докрај на животот, па луѓето се трудеа да им биде добро во него.

Денес жената му е верна на мажот 15 години, а потоа сфаќа дека тој 5 години имал љубовница, па заклучува дека била будала што му била верна. Децата го гледаат тоа и заклучуваат:

„Јас поинаку ќе го направам тоа! Нема да му бидам верна, па ако дознам дека и тој не ми бил, ништо нема да загубам“.

 

Возможно е да се сакаат две личности истовремено!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.