Иван Босиљчиќ: „Јелена и Нина се двете половини од моето срце, само така тоа е комплетно“

„Верата ме научи мојот мир да го негувам во себе и да им го пренесувам на другите“

Популарната пејачка Јелена Томашевиќ и славниот глумец Иван Босиљчиќ веќе неколку години уживаат во хармоничен брак, а круната на нивната љубов е токму нивната ќерка Нина, на која и двајцата и’ се максимално посветени, и покрај затрупаните распореди.

Во едно свое скорашно интервју, убавата пејачка, зборувајќи за својот сопруг, ги спомена и духовноста и духовитоста, и романтичноста и практичноста, и неговата грижливост и грижата за неа и за Нина, и дека е вистински џентлмен…

Би можела да кажам уште многу нешта, но ќе го издвојам само тоа дека покрај него сум комплетна личност во секоја смисла – како личност, жена, мајка, уметник… Ако сте доволно зрели, пред сѐ во емотивна смисла, во овие години вам ви е сосема јасно што сакате од себе, својот живот, својот човек, детето, кариерата. Комплетноста на Иван како маж, на сите нивоа, мене како жена ме прави потполна. Тоа се две половини на исто срце, дообјасни Јелена во разговорот за магазинот „Стори“, на што се надоврза и Иван:

Фото: Андреја Дамњановиќ, Милош Надаждин

Би додал дека низ духовноста, која ја спомнува Јелена, ја пронајдов смислата за која зборува таа, и дека го чувствувам истото тоа. Јелена и Нина се двете половини од моето срце, само така тоа е комплетно.

Познат по своите поетски одговори што ги дава во интервјуата, човек не може да ја замисли практичната страна на популарниот актер, а камоли дека умее да се расправа…

Мојата поетичност е само одраз на она што, покрај другото, го прави моето уметничко битие, но и сензибилитет, па кога имам можност низ интервјуата да се изразам така, тоа ми претставува голема радост. Презаситени сме од сензационализам, секогаш исти прашања и празни приказни, кои постојано се повторуваат… Се трудам, кога можам, да го понудам и мојот поинаков, а вистински збор. Што се однесува до карањето, темпераментен сум и страстен човек, но тоа не го изразувам на непримерен начин. Уверен сум дека убавиот збор навистина решава сѐ. Верата ме научи мојот мир да го негувам во себе и да им го пренесувам на другите. Кога ќе дојде до, условно кажано, караница во мојот, или да кажам во нашиот случај, тоа не е ни блиску она на што прво помислуваат луѓето кога ќе се изговори тој збор“, објасни Иван.

Извор: Стори

Фото: Милош Надаждин, Андреја Дамњановиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.