Кајли Џенер: Оаза на соништата за богаташката (ФОТО)

Ѕирнете во домот на милијардерката

Фото: Инстаграм

Ријалити-ѕвездата и сопственичка на брендот „Кајли козметикс“ е прогласена за најмлада милијардерка на светот што сама го создала богатството, што предизвика голем број јавни оспорувања

Според написите на магазинот Форбс, Кајли Џенер е најмладата милијардерка на светот. Информацијата дека на 21 година, благодарение на брендот Кајли козметикс, успеала самостојно да ја заработи првата милијарда ја подели јавноста.

Бидејќи потекнува од богато семејство и е учесничка во ријалити-шоуата за семејството Кардашијан, се верува дека не успеала баш сѐ да заработи со продажба на козметика и дека почетниот капитал го добила од родителите. Со само 12 вработени, на годишно ниво заработила 307 милиони долари, а цифрите на нејзината банкарска сметка драстично се зголемиле за само пет години. Полемиките за тоа стигнаа дури до Си-ен-ен, кој ѝ посвети репортажа.

Во неа се наведува и дека Кајли имотот го зголемува со купопродажба на недвижности, како и дека од 2015 г. реновирала и продала четири куќи. На 17 години се одвоила од семејството и се преселила во вила во Калабасас, која ја купила за 2,7 милиони долари, а неколку години подоцна ја продала за 4,4 милиони. На листата на нејзини поседи во 2016 г. се најде куќа на Хајден Хилс, а истата година себеси си купила вила во соседството, која набргу ја продала за 5,26 милиони, а потоа и раскошен дворец од 1.300 квадрати, вреден 12 милиони. Последната трговија ја извршила со партнерот и татко на својата ќерка Сторми (1), раперот Тревис Скот (26), а станува збор за вила на периферијата на Беверли Хилс, за која дала 13,45 милиони долари и во која живее и сега.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.