Густа супа од сладок компир

Посен рецепт

Фото: Jutarnji.hr

За 4 лица

Приготвување: 40 мин.

Состојки:

  • 1 голема главица црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 поголем морков
  • 1 пашканат
  • 2 средни слатки компири
  • 1 л зеленчукова супа
  • неколку резанки тост-леб
  • 50 мл маслиново масло
  • сол
  • масло

Приготвување:

  1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, 2 чешниња лук ситно се сечкаат.
  2. Морковот, пашканатот и компирот се лупат и се сечат на коцки.
  3. На малку масло се пропржуваат црвениот кромид и лукот. Се додаваат морковот и пашканатот, па кратко се пржи.
  4. Се става слаткиот компир и потоа се динста, долевајќи по малку вода додека омекне зеленчукот.
  5. Омекнатиот зеленчук се ситни со стапчест миксер или во електричен сечко, за да се добие кашеста смеса. Се додава зеленчуковата супа, се посолува и се вари додека зоврие.
  6. Резанките од лебот накратко се печат на суво тавче, а потоа се протриваат со преостанатите чешниња лук и се попрскуваат со маслиново масло. Се послужуваат со густата компирова супа.

Ако не постите, во супата можете да додадете малку павлака за готвење.

Фото: Клуб здравих навика

Извор: Добра храна

Фото: Творница здраве хране

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.