Една брутално му се одмаздила, друга за малку ќе го довела до питачки стап: Сите љубовни бродоломи на Џони Деп!

Нема среќа во љубовта

Никако да ја најде онаа вистинската што ќе го скроти

Џони Деп, кој моментално е во Белград, на публиката ѝ е познат по бројните улоги. Меѓутоа, она што повеќе ја интригира јавноста е неговиот љубовен живот, кој е полн со подеми и падови. Зад него има два брака, три свршувачки и тетоважа поради која се кае.

Ова се дамите што го обележаа неговиот живот…

Лори Анистон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌻GOLDIES🌻 (@golldies)


Му била сестра на басистот во бендот каде што свирел Деп и на 20 декември 1983 година се оженил со шминкерката која му помогнала на самиот почеток на кариерата. Лори го запознала со Николас Кејџ, кој му станал пријател и му помогнал да добие улога во филмот „Кошмар во улицата на брестовите“. Бракот траел само две години, а како причина за разводот навеле „непомирливи разлики“.

Шерилин Фен

Својата втора голема љубов Шерилин, ја запознал за време на снимањето на студентскиот филм Dummies. Набрзо се свршиле, а Шерилин се појавила во една од епизодите на неговата хит-серија 21 Jump Street. Откако се разделиле, таа добила улога во култната серија „Твин Пикс“.

Џенифер Греј

Тој бил свршен со ѕвездата од филмот „Валкан танц“, но малку се знае за нивната врска. Медиумите во тоа време тврделе дека љубовта исчезнала кога Деп ја запознал неговата следна голема љубов, актерката Винона Рајдер.

Винона Рајдер

Со Винона се запознал на снимањето на филмот Great Balls of Fire во јуни 1989 година, а набрзо станале неразделни. Пет месеци по првата средба се свршиле и го снимиле првиот заеднички филм Edward Scissor hands. Тој истетовирал Winnona forever, но го сменил тоа во Wino forever по раскинувањето.

„Тоа е мојата слатка одмазда. Ќе мора да ме памети засекогаш, без разлика што ја преправи тетоважата“, рекла таа по раскинувањето.

Кејт Мос

Ги сметале за најубавата двојка во 1990-те, а познатата манекенка ја запознал во едно бистро на Менхетн. Нивниот однос многумина го опишувале како многу комплициран, исполнет со страсни бакнежи и гневни караници, а раскинале во 1998 по четири години врска.

Ванеса Паради

Со француската актерка и пејачка Џони поминал 14 години и тие останале заедно до 2012 година. Добиле и две деца, Лили Роуз Мелоди Деп (1999) и синот Џек (2002).

Амбер Херд

За време на снимањето на филмот The Rum Diary, Деп ја запознал актерката Амбер Херд. Се венчале во февруари во 2015 година во Лос Анџелес, а само една година подоцна објавиле дека се разведуваат. Актерката го обвинила за злоупотреба, а во јавноста излегле нејзини фотографии на кои го крие модрото лице од новинари. Разводот од Амбер Херд го чинел повеќе од седум милиони долари што, покрај компулсивното трошење, го довел до тоа да мора да почне да го распродава својот имот.

Џони Деп по загубата на суд: „Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со ова“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.