Џони Деп по загубата на суд: „Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со ова“

Поради злоставувањето на неговата бивша сопруга

Холивудскиот актер Џони Деп минатата недела го загуби судскиот спот за клевета против британскиот таблоид „Сан“, кој пишувал за наводното злоставување на неговата бивша сопруга Амбер Херд.

Судијата на Високиот суд во Лондон заклучи дека тој постојано ја напаѓал својата поранешна партнерка и ѝ предизвикал страв за сопствениот живот.

Популарниот актер во почетокот на обраќањето до јавноста им се заблагодарува на сите што го поддржуваат, особено во последните неколку дена.

Потоа откри дека челниците на филмското студио „Ворнер Брос“ го замолиле да се повлече од улогата на Гринделвалд во претстојното продолжение на Fantastic Beasts, и тој се согласил на барањето.

Пресудата на британскиот суд ја нарече надреална и посочи дека нема да запре во неговата борба „да ја каже вистината“. Џони Деп потврди дека ќе се жали на пресудата.

Додаде дека е решен да докаже дека обвинувањата против него се лажни.

Мојот живот и кариера нема да бидат дефинирани со ова.“

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.