„Драги мои, еве зошто не можете да си најдете маж“: Реален одговор на познатиот психолог!

Неверојатно

Психологот Михаил Лабковски има долг стаж во семејната психологија

Михаил Лабковски ги има обработено сите теми во врска со семејството и личната среќа. Луѓето ширум светот редовно ги следат неговите објави, бидејќи се освестувачки. Ви пренесуваме една таква приказна…

„Често добивам пораки од жени да ги посоветувам зошто се сами и не можат да најдат сродна душа. На прашањето зошто сум сама, најчесто им одговарам вака…

Се плашиш од врски

Родителите често се карале, а на крајот се развеле или уште полошо: живеат во никаков брак! Не е ни чудно што со таквото искуство несвесно се плашиш дека ќе имаш ист таков брак – без љубов и разбирање.

Се плашиш од мажи

Уште една типична ситуација: ако таткото бил насилен и често ве воспитувал со ремен или ако поранешниот партнер бил љубоморен и агресивен, постои голема веројатност дека ќе живеете во страв од мажи. И тоа е сосема природно.

Погрешно си воспитана

Да кажеме дека родителите ви зборувале дека ви сте нивната принцеза и дека никој не е доволно добар за вас. Тогаш тешко ќе најдете некој за себе. Исто така, голема, ако не и најголема, грешка е кога родителите ја воспитуваат ќерката да верува дека мора да им се покорува на мажите. Епа, и јас да сум таа девојка, ни јас не би брзал да се мажам!

Ако татко ви го напуштил семејството и долго не сте го гледале

Кажете ми кој сака да се врзе за маж кого го сакате со целото срце, а тој во еден момент едноставно ќе исчезне? Ако мажите целиот живот ви нанесувале само болка, природно е и логично да се плашите да стапите во врска со еден од нив.

Навистина, постои едно ‘но’: ако некој одлучи да ја прескокне сопствената психолошка траума, а некој одлучи да преземе нешто во врска со тоа. Мојот совет е да побарате некој што ќе ви пружи само среќа.
А ќе успеете во тоа ако се обидете и погрешите, ако се обидете и погрешите… Па еден ден ќе најдете некој посебен. Мора да ги запознавате мажите и да одберете од нив некој за себе.

Стравот од врска со маж се отстранува само така што ќе излегувате на состаноци со мажи. Комуницирајте со нив. Дајте им шанса и секогаш имајте го во глава тоа дека никој не е совршен.

И за крај:

Сакам да кажам дека постојат поединци на кои едноставно не им требаат врски, ниту семејство. Тие се среќни сами. И таквите луѓе не треба да подлегнуваат на притисоците на околината да се венчаат за некој што не ги прави среќни…“

Михаил Лабковски: Сексуалноста не е во младоста и убавината, еве што треба да правите за да бидете секси!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.