Неверојатен гест: Игор Божиновски им подари „дел од својата душа“ на вработените и на ВИП-клиентите

Наместо секојдневни подароци, првиот човек на „Божиновски часовници и накит“ на своите вработени и ВИП клиенти им подари нешто поинакво посебно избрано од него…

Зад нас оставивме особено тешка година исполнета со страв, несигурност и предизвици кои нѐ погодија сите. Но, таа исто така нѐ натера да се фокусираме на нашите приоритети: фамилијата, среќата, љубовта… нешта кои не се купуваат со пари, а се непроценливо вредни. Токму овие вредности ги истакна Игор Божиновски, првиот човек на компанијата, приредувајќи особено посебен гест за своите вработени и ВИП клиенти.

Имено, Игор по повод Новата година и празниците лично подели несекојдневни подароци кои тој самиот ги направи во својот дом со помош на семејството. Станува збор за скромни 210 грама домашни колачи, како и 21 грам новогодишен чај избран токму од Игор, кој ја симболизира душата која велат дека тежи 21 грам. Слатките подароци се спакувани во луксузно пакување со искрена порака во знак на благодарност за верните поддржувачи кои останаа покрај брендот „Божиновски“ и покрај сите предизвици што ги донесе изминатата година.

Видеото од изработката на подароците можете да го погледнете тука.

Внимателно избраниот подарок, особено таквиот што е изработен од страна на оној кој го подарува, навистина има моќ да допре до сечие срце и да ни предизвика чувство на благодарност и среќа.

Гестот на Игор беше препознаен и поздравен од голем број вработени и поддржувачи на брендот. 

Компанијата „Божиновски часовници и накит“, пионер во стилот и иновацијата во Македонија уште од 1996 година, создава вредности, доверба и квалитет кои секојдневно преку вложување и грижа кон своите вработени ги пренесува на сите свои купувачи.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.