Дознала дека дечкото се кого се гледа е оженет, па ѝ се јавила на неговата сопруга: Очекувала сé освен ваква реакција!

Шок!

Не можела ни да си замисли дека ќе ѝ каже нешто вакво

Една девојка на ТикТок објавила детали од нејзината љубовна приказна што не завршила славно. Имено, таа неколку недели се допишувала со еден маж на Тиндер.

Се запознале, сé течело совршено и започнале врска. Кога отишла кај него, воделе љубов и потоа девојката отишла во бањата. Тогаш се шокирала.

„Дојдов, сé помина добро, бевме во дневната соба и разговаравме, а потоа, секако, се префрливме во спалната соба. По водењето љубов, го прашав дали можам да одам до бањата и забележав дека чудно се однесува“, рекла Хејли и додала:

„Се двоумеше пред да ми каже дека можам. Отидов во бањата и видов дека пешкирот покрива нешто. Тоа беше полица, а на неа имаше две четкички за заби, од кои едната беше розова. Освен тоа, имаше многу производи за коса. Излегов и го прашав дали е во врска“, рекла девојката.

Неговиот ноншалантен одговор уште повеќе ја извадил од такт.

„Тој ми кажа: ‘Да, извини, требаше да ти кажам дека сум оженет’. Полудев! Го прашав дали се шегува со мене, а тој бараше да молчам и да не кажувам ништо“, открила Хејли.

Девојката објаснила дека никогаш не би ѝ кажала ништо на неговата сопруга, но повеќето корисници на социјалните мрежи биле за тоа. На крајот, одлучила да оди кај неговата жена и да го сними целиот разговор:

„Здраво, извини, ова ми е малку чудно. Всушност, дојдов само да разговарам со тебе. Се викам Хејли. И, всушност, бев тука пред некоја вечер со некој кој се вика Питер“, вака го започнала разговорот.

„Питер? Мојот сопруг? Што се случило? Како можам да ви помогнам?“, возвратила сопругата.

Хејли ѝ кажала дека таа и Питер се запознале преку Тиндер, како и дека имале интимен однос, а нејзиниот одговор и ладен тон ја шокирале.

„Да? Се шегуваш? Што зборуваш?“, одговорила жената.

„Имав чувство дека се случува тоа некое време, да бидам искрена. Ќе го средам тоа со него, сега немам време да се занимавам со тоа“, заклучила таа.

„Многу ми е жал, мразам што морам да ти го кажам ова, но многу луѓе ми кажаа дека треба да те информирам. Знај дека тоа се случи само еднаш“, рекла Хејли на што жената само ладно ѝ се заблагодарила.

Брутално искрена исповед на еден скопјанец: „Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ОВА!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.