Прстени од тиквички со магдонос и лукче: Одлично предјадење за секоја пригода!

Тиквичките со лукче се одлично предјадење кое ќе го обожавате!

Состојки:
1 тиквичка
2 јајца
200 г брашно
1 лук
1 врска магдонос
3 лажици оцет
сол по вкус

Приготвување:

Тиквичките не треба да ги лупите, туку само измијте ги и исечете ги на прстени со дебелина од пет милиметри. Ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги половина час да се исцеди водата од нив. Лукот и магдоносот исечкајте ги ситно.

Во длабок сад ставете го брашното, а во друг изматете ги јајцата и солта. Ставете ја тавата со малку масло да се загрее на највисока температура. Прстените од тиквички се валаат во брашно, па во јајце и се ставаат да се пржат во масло.

Намалете го оганот на умерена температура. Наредете ги пржените тиквички на рамна, поширока чинија, една до друга. Потоа секоја ролна посипете ја со малку оцет, па посипете ги со лукче и магдоносот.

Belolučane tikvice: Super predjelo za svaku priliku!

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.