Брус Вилис нашол мир покрај 23 години помлада манекенка: „Цел живот барав таква жена!“

„Ниту една не и’ е ни до колена“

„Кога ја запознав Ема, повторно открив што значи да се биде вистински среќен“

Брус Вилис смета дека додека не ја запознаете вистинската, не сте ни свесни дека дотогаш не сте уживале во љубовта на вистински начин.

Имал се’ во животот. Слава, успех, пари. Никогаш не се чувствувал осамено и верувал дека неговиот живот е сосема добар.

„Така беше додека не ја запознав Ема. Дури тогаш сфатив колку сум бил несреќен, но таа исто така ми покажа и колку убава може да биде љубовта.“

https://www.instagram.com/p/B3huiZgHc3C/?utm_source=ig_embed

Нивната љубов не се случила на прв поглед. Брус и Ема Хеминг, која е 23 години помлада од него, прво биле пријатели, а од тоа пријателство се родила голема љубов.

Во еден момент, по една година дружење, сфатиле дека се создадени еден за друг, дека делат исти погледи кон светот, размислувања и интереси.

„Ема тој ден требаше да оди за Њујорк. Пред летот се најдовме и отидовме на кафе и така започна нашата романса. Парадоксот е во тоа што кога размислувате за голема љубов, не ја поврзувате со некого кого го познавате долго. Верувате дека личноста што ви е судбински предодредена е некој мистериозен странец што се’ уште не сте го запознале“, вака актерот ја почнува приказната.

Во тој период, Брус изгубил надеж дека ќе остане со една жена. По разводот од Деми Мур, со која бил во брак 13 години и со која има три ќерки, ја изгубил вербата во доживотна љубов.

10 години живеел ергенски живот, без постојана партнерка. Во текот на тој период, бил во неколку кратки врски, но ниту една жена не успеала целосно да го освои неговото срце.

„Првите неколку години по разводот беа многу тешки за мене. Мислев дека не постои вистинска љубов и не верувам дека е возможно повторно да сакам искрено. Толку се навикнав на идејата за осаменички живот што не ни помислував повторно да застанам пред матичар. Дури кога Ема влезе во мојот живот, тој почна да добива бои“, се присетил актерот.

https://www.instagram.com/p/BxCrG4Ol-N6/

Тој открил дека не ги разбира паровите кои бараат простор за себе или таквите што велат дека им треба одмор или пауза во врската.

„Не разбирам како некој може да помисли на тоа. Се’ што сакам е секој момент да го поминувам со Ема. Помислата на тоа бидеме раздвоени е ужасна за мене. Врската со неа е најпосебната што сум ја имал во животот. Ниту една моја поранешна девојка не и’ е ни до колена.“

Тие се венчале во март 2009 година и имаат две ќерки.

https://www.instagram.com/p/BwJ1xzSlObH/?utm_source=ig_embed

Ема во една прилика изјавила:

„Бев многу млада кога се запознавме, па не е ни чудо што чувствував одредена доза страв од започнување врска со човек кој веќе има деца и одредено животно искуство зад себе. Сега знам дека започнувањето заеднички живот со него е најдобрата одлука што сум ја донела. Навистина сум среќна.“

За секој брак потребно е да се вложи труд, па тие се обидуваат да си угодуваат еден на друг секој ден.

https://www.instagram.com/p/BvCa5K3F7zm/

„Брус секогаш ме забавува. Постојано се смееме, а верувам дека тоа е многу важно. Кога ќе исчезне смеата, тука почнуваат проблемите. Верувам дека сме сродни души“, открила манекенката.

Оваа година парот ја прославува 10-годишнината од бракот.

„Ова е вистинска љубов. Ема е жената што ја барав цел живот.“

https://www.instagram.com/p/B2O_xD3FTGm/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.