Интересни факти за мажите: Кога најмногу изневеруваат, и кога најмногу уживаат во сексот?

Што велат истражувањата?

Мажите се најсреќни на 37-годишна возраст, затоа што тогаш се задоволни од сите аспекти на животот (работа, љубов, семејство), потврдија бројни истражувања. Но, британскиот „Дејли мејл“ отиде чекор подалеку и откри уште неколку интересни факти за мажите.

Судбоносното „да“ најчесто се изговара на 32 години, а една година подоцна го имаат и првото дете, својата прва работа ја наоѓаат на возраст од 21 година во просек, менуваат работни места шест пати во текот на животот, минуваат 125 дена на боледување и доживуваат романса на работа барем еднаш.

На 23-годишна возраст, обично го поминуваат тестот за возење (48% од нив од првиот обид), на возраст од 29 години најмногу уживаат во сексот, а една година подоцна веќе имаат проблем со пивскиот стомак. На возраст од 35 години, мажите сериозно се грижат за нивниот изглед, а најмногу се мачат со ќелавоста, која е наследна кај околу 40 проценти од мажите.

На почетокот на петтата деценија, тие мислат дека веќе не се привлечни за жените, а потоа се борат со кризата на средната возраст.

Жените сметаат дека мажите созреале тек на 43-годишна возраст, кога се соочуваат со нивниот прв развод, а на 49 години обично изневеруваат. На возраст од 50 години, мажите доживуваат деловен врв и најмногу заработуваат.

Прочитајте и: Мажите обожаваат женски оргазам поради овие 5 причини

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.