Тоник од листови роза за подмладување на лицето

Направи сама

Иако розите се најдобриот избор кога сакате да подарите цвеќе, тие се исто така одличен еликсир што ќе ве подмлади.

Овој цвет игра голема улога во ајурведскиот принцип на грижа бидејќи ги намалува брчките, го подобрува тенот и ги успорува знаците на стареење.

Рецепт: За маската, комбинирајте суви ливчиња од роза во форма на прав, а потоа додадете кравјо или козјо млеко и нанесете ја пастата како маска за лице. Оставете ја да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Користете ја маската двапати неделно.

Исто така, водата од роза може да ви помогне во вашата нега.

Таа е голем сојузник за подмладување на уморни очи и смирување на темните кругови под очите. Секогаш кога ќе почувствувате горење, сувост и замор на очите, натопете две памукчиња во вода од роза. Легнете и опуштете се, затворете ги очите и држете ги облогите најмалку 15 минути.

Прочитајте и: Маска од банана и краставица ги брише брчките и темните дамки од лицето

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.