Реални причини за менување на вашите прозорци!

Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом

Еден од главните извори за загуба на топлина во домот се лошите прозорци. Многу домови сè уште имаат стари дрвени прозорци кои не дихтуваат и ја пропуштаат целата топлина надвор. Во последните години ПВЦ прозорците станаа навистина популарни и започнаа да се поставуваат во секој дом, пред сè поради поволната цена, но и бројните погодности кои тие ги нудат.

 

Предности на ПВЦ прозорците

ПВЦ материјалот е еден од најиздржливите материјали кои постојат. Откако еднаш ќе ги поставите ПВЦ прозорците многу веројатно е дека веќе нема да имате потреба да ги смените.

ПВЦ прозорците, за разлика од дрвените и алуминиумските, не избледуваат, не кородираат, не им се лупи бојата, нити пак може да изгнијат. Тие исто така се навистина лесни за одржување, па покрај топлинска заштеда ќе ви заштедат и на време.

Овие прозорци освен што ја задржуваат топлината во домот се и добри звучни изолатори кои ќе го изолираат вашиот дом од надворешните звуци.
Можеби една од најголемите предности на ПВЦ прозорците е нивната поволна цена. Овие прозорци за разлика од дрвените или алуминиумските се најмалку со 20-30 проценти пониска цена што ги прави подостапни за секое домаќинствo.
Добар избор на прозорци може да најдете во РЕХАУ кои што имаат произведено повеќе од 50 илјади профили на прозорци и тоа од висококвалитетниот материјал РАУФИПРО.  Повеќе информации за нив можете да најдете на www.rehau.mk

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.