Немате бавча? Па што! Раззеленете си го домот со зачински билки

Одлично успеваат во саксии поставени на прозорец. А како само мирисаат!

1 Лимонска трева Поставете ја на сончево место и не ја залевајте премногу. Листовите имаат прекрасен цитрусен вкус, па со нив можете да ја зачините маринадата за месо или риба, а можете да ги додавате и во зеленчукови супи.

2 Лаванда Сонцето и сувата земја ѝ годат. Во дното на саксијата ставете ситен песок за полесно протекување на вишокот вода по залевањето. Неколку ливчиња ставете во гулаш, а цветовите  на лавандата се прекрасен додаток за шампањско.

3 Зачин или копар Средно сончево место и повремено залевање се доволни оваа билка добро да напредува. Совршена е за сосови, но и за супи.

4 Босилек Не му годи многу силно сонце и бара доста вода. Италијанската кујна не може да се замисли без овој зачин: од пиците до тестенините.

5 Рузмарин Не бара големо внимание, па одличен избор е доколку не сте вешти во одгледувањето билки. Најважно е да биде на сончево место и водата да не се задржува во саксијата. Додавајте го во сос од домати или во маринада за риба.

Текст: Б. Трескавица

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.