Вакво нешто не сте пробале: Чоколаден колач што се топи во устата!

Рецепт

Едноставен колач што едноставно мора да го пробате!

Состојки за подлогата и чоколадниот крем:

200 г мелен плазма-кекс

600 мл млеко + 200мл

6 лажици кокосов шеќер (5 лажици обичен шеќер)

3 лажици какао

4 лажици густин

1 лажица брашно

100 г црна чоколада за готвење

40 г путер

Состојки за црвениот и белиот крем:

600 г цреши

300 мл вода

3 лажици кокосов шеќер

1 полна лажица брашно

1 полна лажица густин

1 лажица желатин

200 мл слатка павлака


Приготвување:

Плазмата ја ставате на претходно поставен хартија за печење. На страна готвите 600мл млеко. Додека не почне да се готви соединете ги 200мл млеко со шеќерот, какаото, брашното и густинот. Добро промешајте да не се направи грутки.

Кога млекото ќе се зготви доставете ја смесата што ја подговивте и мешајте уште 3-4 минути. Смесата треба да ви изгледа како пудинг. Потоа додадете ја чоколадата за готвење и путерот, па продолжете да мешате додека не се стопат. Готовата смеса прелијте ја на плехот врз плазмата. Ова треба да го правите брзо бидејќи смесата многу брзо може да се згусне. Оставете да отстои 15 минути на собна температура, па во текот на вечерта нека стои во фрижидер.

Црешите соединете ги со шеќерот и водата, па гответе 15 минити. Потоа на страна измиксајте ја смесата и вратете ја на ринглата. Додадете го густинот и брашното. Растопете го желатинот во врелиот крем и гответе додека малку не се згусне. Прелијте преку кремот и оставете да се олади во фрижидер некои 3-4 часа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.