Ѕирнете во совршениот дом на Кендал Џенер: Златна када, скапи антиквитети и просторија што го одзема здивот!
Се разликува од сестрите
Антиквитети и светлосни инсталации, златна када и дрвени маси – има многу детали во домот на познатиот модел што привлекуваат внимание, но оваа соба особено ќе ве воодушеви
Еклектичниот дом на Кендал Џенер не е она што би го очекувале од еден од најпознатите и најдобро платени модели на светот која растеше пред камерите на реалните шоуа.
За разлика од домовите на нејзините сестри во кои се застапени многу сјајни мермерни површини и минималистички гарнитури, куќата на Кендал Џенер се карактеризира со разновидни текстури, винтиџ парчиња и топли тонови.
Вратите од својот дом, што го уредила со помош на дизајнерите Кејтлин и Томи Клементс, ги отворила за најпознатиот магазин за уредување домови.
View this post on Instagram
Иако нејзиниот стил е поприземјен и по малку боемски, сепак задржала нешто од гламурозниот живот на пистите, па така две од петте соби ги претворила во гардеробер и просторија за фитинзи и средување.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што не сака да организира големи забави, туку повеќе сака да се дружи во интимна атмосфера гледајќи кошаркарски натпревари, удобноста ѝ била на прво месо.
View this post on Instagram
Има многу детали што оставаат впечаток: камена маса со мазни органски линии која моментално е најпопуларното парче мебел, како и камениот мијалник со нагласена текстура, кадата со златен сјај, но и неколкуте уметнички дела на современи уметници, како Трејси Емин, Барбара Кругер и Ричард Принс.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Но она што најмногу изненадува и воодушевува е ателјето! Кендал некогашната просторија за гледање филмови ја претворила во оаза за својот омилен начин на релаксација – сликање. Оваа шик просторија со многу светлина која влегува преку големите прозорци и необичниот тепих ќе ве инспирира и самите да ги испробате антистрес дејствата на сликањето, дури и ако не можете да посветите цела просторија на тоа.
View this post on Instagram
Како ви се допаѓа нејзиниот дом?
View this post on Instagram