Сите им завидуваат: Вака изгледа куќата на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ (фото)

Куќата на познатите сопружници е вистинска оаза за уживање.

Кога беше донесена одлука станот во центарот на градот да се продаде и семејството да се пресели на периферијата, дом на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ им стана куќата на Вождовац.

Раскошната двокатна куќа веќе неколку години ѝ е оаза на мирот на брачната двојка, опкружена е со прекрасен двор со цветна градина и четинари, а убаво уредениот ентериер е за пофалба.

Многу љубов, труд и време е вложено во домот на популарната ејачка и актерот, поточно во неговата декорација, но бидејќи „куќата е бунар без дно“, Јелена и Иван неодамна повторно мораа да ја уредуваат.

Станува збор за внатрешноста на имотот, ѕидовите и прозорците, кои поради големите обврски на поп-ѕвездата и драмскиот уметник останаа без завеси и тапети. Штом најдоа слободно време, Иван и Јелена решија да се позанимаваат со тоа, а деталите за одлуката за тоа кои бои, дезени и модели да ги изберат, ги споделија со своите следбеници на „Инстаграм“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.