Наследничките на Карлеуша уживаа во луксуз и раскош – Најдобрата мама на светот им организира изненадување за паметење: Од тато Душко ни трага, ни глас

На патот кон Виена, Јелена Карлеуша и нејзините наследнички Атина и Ника создаваа спомени за паметење. Дел од незаборавниот ден дефинитивно беше и шопингот, кој е незаменлив дел од животот на пејачката, па таа го искористи ова патување да им организира шопинг на ќерките пред забавата во која ќе уживаат.

Кога пристигнале во сместувањето, се’ било подготвено за роденденска забава која Атина (14) и Ника (13) вечно ќе ја паметат, затоа што нивната славна мајка со многу стил им приреди роденденска забава на наследничките во еден од најпрестижните виенски ресторани.

Целото семејство на Јелена уживаше во изобилството на храна и пијалаци, вклучувајќи го и Зоран Бирташевиќ, нејзиниот соработник и најдобар пријател. Секако, овој голем ден не можеше да помине без тетката на Јелена Данијела, па нивното мало среќно семејство докажа дека е така.

За тоа колку уживале сведочат неколку кадри во рамките на инста-стори на Јелена, а во еден момент видовме дека сите заедно наздравија во чест на девојките кои оваа вечер блеснаа во прекрасни црни елегантни фустани.

Мама Јелена, пак, носеше прекрасен долг бел фустан кој симболизира невиност, среќа, чистота и елеганција токму какви што се нејзините ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

За жал, Душко не беше присутен на оваа прекрасна прослава што ја приреди Јелена. Не знаеме што точно го спречило фудбалскиот менаџер да ужива во денот со своите галеници, но сигурни сме дека и Тошиќ на своите ќеркички ќе им приреди роденденско изненадување идните денови.

Во спомен на некои посреќни времиња и љубовта што ја имаше во ова семејство, најдовме неколку фотографии на кои се гледа како Душко поминувал убави денови со своите ќерки.

Една од нив беше особено изненадувачка бидејќи е во друштво со таткото на Јелена Драган, кој живее мирен и повлечен живот на еден белградски сплав.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.