Кога ќе прочитате што прават АДАПТОГЕНИТЕ за вашиот организам, ВЕДНАШ ќе ги вклучите во исхраната

Водич како да ги користиме

Тулси, ашваганда, родиола… Како се користат во исхраната овие билки со егзотични називи, кои, според стручњаците, можат значително да го унапредат нашето здравје? И што точно прават тие во нашиот организам?

Во аптеките и во продавниците за здрава храна сè повеќе се среќаваат билни додатоци во исхраната – како женшен, тулси, ашваганда, родиола, лековити печурки… Во минатото, правот од овие билки го користеле исклучиво избрани лекари на народната медицина, а денес се познати како адаптогени и се додаваат во чај или во смуди.

Експертите ветуваат дека адаптогените го подобруваат нашиот имунолошки систем, помагаат во борбата со стресот, ги подобруваат концентрацијата и издржливоста, ни даваат дополнителна енергија и смируваат пред спиење. Но како да ги користиме?

Зошто ни се потребни адаптогени? Адаптогените спаѓаат во единствена група билни препарати, која вклучува билки, корени и печурки способни да се „адаптираат“, односно да го приспособат своето дејство според специфичните потреби на нашиот организам. Иако поимот адаптогени е релативно нов (се појави во 1947 година), овие билки со векови се користат во дневното практикување на индиската ајуверда, кинеската медицина и другите традиционални култури.

Во медицината го вовел професорот Николај Лазарев, истакнат руски научник, кој открил дека некои билки ја зголемуваат отпорноста на човековиот организам на неповолните фактори од хемиска, физичка и биолошка природа.

Кои билки се сметаат за адаптогени? За да се смета за адаптоген, лековитата билка треба да одговара на следниве критериуми:

* да биде безбедна за здравјето, односно да нема отровно дејство врз организмот и да може да се зема во помали дози подолг временски период;

* да ја зголемува отпорноста на организмот на стрес;

* да воспоставува рамнотежа на хормонскиот систем, односно да ја нормализира функцијата на целиот организам.

Што, всушност, прават адаптогените во нашиот организам? Денес феноменот адаптогени е добро испитан. Во текот на последниве години се појавија повеќе истражувања што ги потврдуваат нивните бенефиции: способноста да го намалат нивото на кортизол во крвта, да ги обновуваат мозочните клетки, да ги намалат анксиозноста и уморот, да спречат развој на тумори, да штитат од зрачење…

Адаптогените функционираат како термостат. Кога термостатот ќе почувствува дека е премногу топло во просторијата, ја намалува температурата, и обратно. Адаптогените имаат способност да ве смират и истовремено да ви ја подигнат енергијата. Тие им овозможуваат на клетките поефикасно да го искористат кислородот. Поддржувајќи ја функцијата на надбубрежната жлезда, адаптогените ги ублажуваат последиците од стресот врз организмот и ја нормализираат нарушената рамнотежа во него“, објаснува д-р Франк Липман, еден од водечките стручњаци на функционалната медицина.

Медитација, јога и зелено смуди се одлични во борбата против стресот. Сепак, според моето мислење, адаптогените се најефикасен и најбрз начин за тоа“, смета Кимберли Сајдер, диетолог.

Како се употребуваат адаптогените? Земајќи предвид дека не предизвикуваат зависност и не се отровни, можете да ги консумирате секој ден, но важно е да бидат во пропишани дози и облик. Не земајте повеќе од 2-3 грама на ден, што е еднакво на половина лажиче прав.

Адаптогените се додаваат во чај или во смуди, не се препорачуваат за бремени жени и за доилки, а на почетокот од нивната примена, треба да се посвети внимание на сопствениот впечаток, т.е. дали ви годи примената на адаптогени.

Само на тој начин ќе дознаете што ви одговара, а што не. На пример, ако по доза женшен имате иста реакција како и по филџан еспресо (покачен притисок, забрзан пулс и срцебиење), значи дека овој адаптоген не ви одговара. За поголема ефикасност, експертите советуваат одвреме-навреме да ги замените и да правите пократки паузи меѓу терапиите.

Препаратите врз база на адаптогените се исклучително корисна група природни лекови, особено доколку сме изложени на стрес и на големи психофизички напори. Но важно е да запаметите дека овие билки можат да донесат полза само ако се дел од севкупен здрав начин на живот, како додаток во урамнотежена исхрана, физичка активност и ментална рамнотежа.

Десет најпопуларни адаптогени

Иако адаптогените го приспособуваат своето дејство според потребите на организмот, секоја билка има свои специфични карактеристики и оригинален ефект.

Текстот продолжувана следната страница…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.