Раскошно: Ѕирнете во домот на најмладата милијардерка на светот (ФОТО)

Гламур и сјај

Според најновите анализи, Кајли Џенер има „нето-тежина“ од 900 милиони долари, а од семејството Кардашијан-Џенер, од неа побогата е само постарата сестра Ким, која на свое име има богатство од 1,4 милијарди долари.

Оваа 23-годишна бизнис-жена се најде на насловната страница, а кога „Форбс“ ја прогласи за најмладата милијардерка која сама го стекнала своето богатство.

Не можам да кажам дека сама го стекнав. Доколку зборуваме само за финансии, технички да, немам наследено пари. Но имав многу помош и огромна платформа“, изјави Кајли.

Таа „платформа“ е популарното реално шоу за семејството Кардашијан, кое почна да се снима додека Кајли беше девојче. Денес, таа е личност со најмногу следбеници на Инстаграм по Кристијано Роналдо.

Погледнете како изгледа нејзината нова вила во која живее со партнерот Тревис Скот, а која се наоѓа во Лос Анџелес и вреди 23 милиони долари.

Вилата се простира на 16.700 метри квадратни, има седум спални соби, 11 тоалети и три катови станбен простор.

Опфаќа и гаража за 20 автомобили, приватна теретана, кино со 15 места, винска сала со над 650 шишиња вино и секако базен.

Сместена е на врв од брдо и има панорамски поглед кон цел град. Единствената дизајнерска архитектура е создадена да ги долови линиите на модерните јахти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.