56-годишната актерка топлес рекламира фармерки (ФОТО)

Прекрасно изгледа!

Брук Шилдс е заштитно лице на брендот Jordache Јeans, за чија промотивна кампања позираше топлес во шестата деценија од животот.

Имено, 56-годишната холивудска актерка повторно рекламира фармерки и тоа по повеќе од 40 години откога ја направи култната реклама за брендот „Келвин Клејн“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Споменатата реклама, снимена во 1980 година, предизвика голем број негативни коментари, бидејќи актерката тогаш имаше само 15 години, а се појави во долна облека на популарниот бренд.

Иако Брук за магазинот „Вог“ изјави дека била премногу млада и наивна за да го разбере контекстот на рекламата, сепак, не жали за тоа што ја снимила, бидејќи целата кампања постигнала голем успех.

Целата кампања беше успешна, а долната облека ја надмина популарноста на фармерките во тоа време“, вели таа.

Четириесет години подоцна, Шилдс стана заштитно лице на брендот Jordache jeans, а според директорката на брендот Лиз Берлингер, целиот тим е пресреќен, бидејќи добиле можност да соработуваат со Брук.

Таа е модна икона. Ја гледавме како расте во убава, силна и инспиративна жена и мајка, па сакавме да го покажеме тоа преку нашиот бренд“, изјави директорката, додавајќи дека брендот се залага за социјалното движење „позитивен став кон телото“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.