Првата фотографија од новиот дом на Меган и Хари: Ова дефинитивно никој не го очекувал

Ви се допаѓа?

Објектот некогаш бил амбар

Кога ќе кажеме кралско семејство, обично помислуваме на раскошни тоалети, дворци, скапи вечери и луксузен живот.

Сепак, се чини дека Меган Маркл и принц Хари се поголеми љубители на природата отколку на палатата, за што сведочи и првата фотографија од нивната нова куќа на село, во која планираат да поминат многу време со своето дете, чие доаѓање на свет се очекува напролет.

Станува збор за куќичка на фарма во Котсволд, опкружена со прекрасна природа. Куќичката вреди 2,5 милиони фунти, а се работи за реновиран објект што некогаш бил амбар.

https://twitter.com/byEmilyAndrews/status/1082945891554734080

Репортерката Емили Ендруз прва ги објавила фотографиите на Твитер, а многумина се сложиле дека не очекувале кралскиот пар да претвора стар амбар во своја викендичка.

Оваа куќичка има четири спални соби, плус две издвоени надвор, а во неа Меган и Хари веќе ги угостиле своите ексклузивни пријатели Џорџ и Амал Клуни, Серена Вилијамс, Пријанка Чопра и Ник Џонас.

Кралскиот пат оваа куќа ја закупил на две години, но некои извори тврдат дека планираат да ја задржат и откако ќе се вселат во новиот дом во близина на кралската палата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.