Катaрина Грујиќ ја отвори вратата од својата планинска куќа: Одлучи да ја издава (ФОТО)

Замина на планина

Фото: Инстаграм

Викендичката на пејачката е создадена за уживање.

Пејачката Катарина Каќа Грујиќ заработените пари одлучи да ги вложи во друг бизнис, а, како што пишуваат српските медиуми, во целиот проект не влегла сама, туку со својата сестра.

Имено, Каќа и нејзината сестра одлучиле да запловат во угостителските води и во Колашин, на падините на планината Бјеласица, изградиле луксузна куќа во планински стил.

Ова беше идеја на сестра миа, а јас со ентузијазам ја прифатив и само ја прашав кога ќе започнеме со реализација. Сите детали ги договоривме многу брзо, бидејќи сме многу слични и имаме речиси идентични вкусови, па немаше проблеми со тоа како ќе изгледа куќата. Сакавме тој простор да има се што ни треба кога сме на одмор, па изградивме камин, сауна, луксузна бања, големи удобни спални соби… И јас и сестра ми имаме примарни професии, па ова ќе биде дополнителен извор на приход за нас. Но никогаш не се знае, можеби бизнисот ќе се прошири, па целиот овој комплекс ќе се прошири – изјави пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.